„Google“ не е само пребарувач за факти. Тоа може да биде мина за љубопитност. Кои се работите кои не треба да ги „гуглате“? Independent.co.uk објавува листа на работи кои не треба да ги пребарувате.
Како да изгубам тежина?
На интернет има многу погрешни информации и многу измами со различни ветувања. Најдобро е да побарате стручно мислење од доктор.
Како стои Доналд Трамп на анкетите?
Изедначени се со противничката, но постојано се менуваат резултатите.
Каде ми е телефонот?
Ова ќе ве исплаши ако имате „Андроид“. „Google“ знае каде сте. Секогаш.
Кој е најбогатиот човек на светот?
Сите овие луѓе со толку многу пари а вие имате само мал процент од тоа. Ова може да биде депресивно.
Дали белегот може да носи рак?
Да! Тоа вели интернетот. Доколку сте загрижени, одете на лекар.
Кога е следната сезона на „Big brother“?
Одете и видете се со луѓе. Одете надвор. Читајте книга. Направете нешто друго освен гледање реални шоуа.
Кој е -вашето име-?
Можеби нема да ви се допадне она што ќе го најдете. Посебно доколку се соочите дека не сте направиле влијание на светот.
Кој ќе биде следниот премиер?
Читајте и следете ги вестите. Доколку барате конкретен одговор за ова прашање, нема да го најдете.
Кој е принц на Нигерија?
Измама е. Се работи за измама. Не
давајте пари никому.