X
 11.07.2016 Култура

Најголемите тајни на Советскиот сојуз

Комунистичката Русија била пример за отворена и одговорна влада. Тоа не е реченица која ја читате деновиве - барем не надвор од Северна Кореја. Како и да е, ви прикажуваме тајни кои биле чувани од страна на Советскиот сојуз.


10. Најлошата нуклеарна катастрофа во светот


Сигурно сите знаат за Чернобил и Фукушима. Но третата нуклеарна катастрофа е катастрофата во Киштим 1957. Исто како Чернобил, причината на катастрофата бил лошата изработка на системот за ладење кој не можел да се поправа. Откако е постигната температура од 350 целзиусови степени, доаѓа до експлозија која се шири 20.000 километри квадратни наоколу. Домовите на 11.000 луѓе биле уништени а 270.000 луѓе биле изложени на радијација поради околината. ЦИА знаела детали за катастрофата уште во 60тите, но поради страв од губење против американската нуклеарна индустрија била намалена сериозноста на настаните. Се до 1989 кога деталите од катастрофата биле јавно објавени.


9. Екипажот за месечевата програма

Иако имале испратено прво тело во вселената, прво животно во вселената и првиот човек во вселената, тие сепак ја изгубиле битката против американците кои на 20ти јули 1969 стапнале на Месечината. Иако официјално тие никогаш не учествувале - дури во 1990 признале дека немале екипаж за посета на Месечината.


8. Многу уметност

Во 90тите биле откриени скриени уметнички дела, кои биле противени од Комунистите. Игор Савитски, колектор на уметнички дела, ги сокрил сите во Нукус, град окружен стотици километри со пустина. Иако останаа многу прашања колку е важна уметноста, сепак нема сомнеж за вредноста на приказната за нешто скриено со децении.


7. Смртта на космонаут

Скриена била и историјата на првиот космонаут кој починал во подготовките за летањето во вселената. Валентин Бондаренко бил убиен за време на тренинг-вежба во март 1961. Неговото постоење не било познато за западот се до 1982, и не било јавно признаено до 1986.


6. Еден од најлошите периоди на глад во историјата

Хоророт на советскиот глад во 1932 предизвикал смрт на неколку милиони луѓе. Обично ова е нешто што би било тешко да се сокрие од надворешниот свет - но не и за Сталин. Њујорк Тајмс заедно со останатиот американски печат го игнорирале и стишиле скандалот поврзан со гладот. Сталин договорил тури на влијателни странци низ градовите каде продавниците биле наполнети со храна но секој кој се доближил бил уапсен, улиците биле исчистени, и вистинските селани биле заменети со комунистички партиски членови.


5. Екраноплан

Овој налик морски авион бил поголем од било кое летало кое го поседува САД. Но покрај фактот дека е големо, тоа не може да лета бидејќи моторите се сместени многу напред на крилјата. Каспиското морско чудовиште, како што било наречено, било екраноплан - нешто измеѓу авион и брод, дизајниран да лета на само неколку десетици метри над вода или земја. Поради неуспешноста во летањето, овој проект пропаднал и дури било забрането и спомнувањето на леталото.


4. Најлошата ракетна катастрофа во историјата

Во 1960 започнала подготовката на лансирањето на новата ракета, Р-16. Користејќи нов вид на гориво, ракетата почнала да истекува азотна киселина. Но командантот Неделин наредил повеќе работници да дојдат за да пробаат да го поправат. Кога се случила експлозијата, целата екипа била инстантно убиена. Преку стотици луѓе загинале. Денес се уште стои споменик за загинатите но не и за Неделин. Жителите велат дека тој бил одговорен за загубата на стотици животи, и затоа не го почитуваат.


3. Епидемија на мали сипаници

Во 1971 година било развиено оружје за мали сипаници, кое при тестирање во отворен воздух предизвикало епидемија на мали сипаници. Десет луѓе се разболиле од кои 3 починале. Стотици биле ставени во карантин, а преку 50.000 луѓе од околната средина биле вакцинирани за време на ноќта. Овој инцидент станал познат дури во 2002. Ова е сепак лекција која може да спаси многу животи доколку биолошки оружја западнат во рацете на терористите.


2. Многу градови

Постои град во Русија кој го нема на ниедна мапа. Таму не возат автобуси, не постојат улични знаци кои покажуваат кон него. Тоа е Озјорск - и иако е дом за десетина илјади луѓе, неговото постоење не било познато ни за Русија се до 1986. Причината за неговото криење е фабриката за репроцесирање на нуклеарно гориво која се наоѓа таму. Оваа фабрика експлодирала во 1957, но бидејќи локацијата била скриена, катастрофата била наречена според друг град кој се наоѓал неколку километри во близина. Тој град бил Киштим. Озјорск не е единствен скриен град. Постојат уште 42, но има и дури уште 15 кои русите сметаат дека се скриени.


1. Катин масакр

Во 1940 биле убиени повеќе од 22.000 полски затвореници. На почетокот биле обвинети германците а потоа вината ја преземале во 1990. Оваа маска е на врвот бидејќи била овозможена не од Советскиот сојуз, туку од соработката на лидерите на САД и Велика Британија. Лесно е да се обвинат лидерите, но тие сметале дека најдобра одлука била да се здружат со една од најдобрите светски војски и индустриската супер-сила.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура