X
 08.08.2016 Наука

Пораката на Карл Сејган до вонземјаните испратена во 1974 година

Во 1974 година, Карл Сејган заедно со неговите колеги испратија порака во вселената наречена „Arecibo“ преку радио бранови за време на специјална церемонија по повод реконструкцијата на радио телескопот „Arecibo“ во Порторико.

 

карл


Ова беше најмоќното нешто намерно испратено во вселената. Пораката беше лансирана во соѕвездие оддалечено 25.000 светлосни години, а се состоеше од слика. Радио сигналот ја прикажуваше локацијата на нашата планета во нашиот Сончев систем, основните принципи на математиката и науката и антената која НАСА ја користеше за пренос на сигналот, со надеж дека ќе биде протолкувана од вонземјанска интелигенција. Пораката исто така вклучуваше детали за човечките суштества како што е нашиот физички изглед и ДНК код. Сигналот беше милион пати посилен од типичен ТВ пренос.

27 години подоцна, во 2001 година, кога појавата на таканаречените вонземјански кругови била доста популарна, до опсерваторијата „Chillbolton“ се појави модел во форма на одговор на пораката од 1974 година. Ова беше еден од најдобрите кругови кои некогаш се појавиле, без разлика дали бил создаден од луѓето или вонземјанската интелигенција.

 

2


На фотографијата погоре е одговорот на пораката испратена во 1974 година. Оваа порака опишува различен Сончев систем, фотографија од испраќачот (исто како и оригиналната порака на НАСА), не-човечка ДНК и микробранова антена наместо антена од радио бран.

Лицето кое го гледате на фотографијата се појави три дена пред правоаголната форма. Интересен факт е тоа што сигналот од микробрановата антена во кругот се појави една година порано во истата област како што прикажува фотографијата подолу.

 

3


Не многу луѓе се свесни за фактот дека феноменот со ликовите во житото е реален. Тие се случуваат насекаде низ светот и за нив има извештаи дека постојат со децении. Некои од овие дизајни се толку комплексни што целосно ги збуниле истражувачите и научниците. Дел од нив се полни со чудни магнетни честички. Постојат и многу трудови објавени од голем број физичари за овој феномен. Физичарите објаснуваат дека сторителите (кои никогаш не биле фатени на дело) користеле ГПС уреди, ласери и микробранови за да ги создадат овие неверојатни геометриски форми.

Други физичари, како Д-р Теренс Медон, објаснуваат дека светлата енергија која е вклучена е резултат на атмосферски феномен. Значи, ако креаторите на круговите навистина се луѓе, тогаш станува збор за исклучително напредна/уметничка група со огромни суми на средства на располагање. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука