X
 27.08.2016 Економија

Дали селењето во Женева е добра одлука?

За богата земја, која се смета за една од најстабилните економии во светот, Швајцарија се соочува со тешкотии. Во финансискиот центар на земјата, Женева, забавената економија и истрагата за таинствениот банкарски сектор во земјата, доведе до укинување на речиси 2000 работни места во текот на 3 години, или што е за околу 9 проценти од секторот според Финансискиот Центар во Женева. Во годините што следат, повеќе работи може да исчезнат по Брегзит, бидејќи Велика Британија е четврт по големина трговски партнер во Женева.

Сепак градот иако не е главниот град Берн, останува и понатаму популарно место за иселениците да се преселат таму и да започнат со работа. Анкетата која го испитува квалитетот на животот, на “Mercer’s 2016“ ја рангира Женева меѓу 10-те градови за живеење, во однос на високо ниво на лична безбедност и квалитет на живот.

 

живот во Женева 

 

 

Силвана Солдаини, после речиси 20 години работење во Милано, Италија, доби работна понуда во банкарскиот сектор во Женева. Таа се досели во Март 2004 во Женева како самохрана мајка на две деца. Пред да пристигне во Женева таа имаше некои предрасуди за градот. По 12 години живеење во Женева таа ја смени својата перцепција. Живее во простран стан, на 10 минути пешачење до езерото Женева, и нема ни најмала желба да се врати во Италија. Нејзините деца кои се тинејџери зборуваат добро француски, италијански, германски и англиски јазик.

 

Швајцарија е една од оние земји каде еден процент од малото парче од глобалната популација се “тркалаат во пари“, што е видливо. Производителите на луксузни часовници со украсни дијаманти покрај крајбрежниот појас можат да се пофалат со добра побарувачка, а не е невообичаено да се види Ферари и Ламборџини автомобили по улиците.

 

Со 490.000 население, Женева е мал град во споредба со повеќето европски градови, но е значаен глобален финансиски центар, дом на свестките приватни банкарски заедници и мултинационални компании од другите сектори како што се: “L’Oréal“, “Hewlett Packard“ и “Procter & Gamble“.

 

Токму затоа странците сочинуваат голем дел од популацијата, околу 41 процент. Привлечени пред се поради големите плати, странците особено оние со фамилии, често избираат да останат за културните настани како што е музичкиот фестивал во Женева и современиот уметнички настан “Nuit de Bains“, како и широк спектар на надворешни активности околу езерото Женева.

 

 

 живот во женева

 

Големи плати и бирократија

 


Минатата година Швајцарија беше на врвот на анкетата од “HSBC’s Expat Explorer“ со најголем економски потенцијал за странците и можности за унапредување во кариерата. Според податоците од анкетата, речиси една тертина од странците во Женева заработуваат над 200.000 долари годишно, а на второ место е Хонг Конг.

 

“И покрај тоа што се користеше стандардната практика од мултинационалните компании да помагат во домување и исплата на детска школарина, тоа не е веќе секогаш случај денес“- вели Летиција Бедат, управен директор на “Welcome Service“, Агенција за преселување. Сега поголемиот дел од странските вработувања или не добиваат дозвола или тие ќе добијат само преселенички услуги, даночна помош и медицински бенефиции.

 

ЕУ граѓаните може слободно да влезат во Швајцарија, но мора да аплицираат за одобрување на работа пред да започнат со новата работа. Компаниите обично се грижат за потребите за визи, ако се вработите компанијата поднесува пријава за вас, а тоа може да потрае 2 недели до 3 месеци.  

 


Трошоци за живот

 

Според истражувањето од глобалната консултантска фирма “ECA International“, Женева е еден од најскапите градови во Европа, втор по Цирих. Со други зборови ќе ви треба работно место со добра плата за да живеете таму.

За Американката Сара Брукс, која се пресели од Вашингтон во Женава да работи во организација за човекови права, таа ги наоѓа трошоците за живот соодветни.

 

Често жителите ја преминуваат границата во Франција за време на викендите да купат намирници со поевтини цени. Цените во супермаркетите во Франција се двојно помали, а месото дури и тројно поевтино.

Јадењето во ресторани може да ги исплаши новодојдените. Ручекот во ниско буџетен рестроан би чинел повеќе од 20 долари, додека во ресторан од средна класа и до 100 американски долари вклучувајќи и вино. Што се однесува за домување, постои ограничување во понудата за станови. Овој фактор го отежнува наоѓањето на сместување на новодојдените. Но по една деценија на високи цени, пазарот за домување конечно ги намалува цените.

 

“За минатите 3 години, цените се намалија до 20 проценти“- вели Патрик Боехлер, брокер со мегународна Агенција за недвижнини и имот “Cardis Real Estate Sotheby’s International Realty“. Ова значи дека за новодојдените цените се поевтини споредено со 2009 и 2010 година- објаснува Боехлер, додавајќи дека падот го олеснува преговарањето за подобри услови за заем од банките доколу клиентот размислува за купување на имот.

 

 

езеро во Женева

 

 

 

Семеен живот

 

За Оливер Гренеч, неговата причина за релоцирање од Париз во Женева во 2012 година беше едноставна. Покрај можноста за работа од француска банка, тоа беше одлично и за неговите две деца кои во тој период биле доста мали. Женева изобилува со природа и зеленило што му ја олесни одлуката на Оливер.

 

За да се разбере Швајцарија и да се ужива потполно во Женева, вие треба да сте заинтеерсирани да одите во вила на планините за време на викенд и во селскиот дел- вели тој.

 

Семејството на Солдаини сакаше повеќе да живеат во централен ден на градот со државни бенефиции, како што е распределба на 250 швајцарски франци за секое едно дете во семејството во достапните 4 јавни базени со 15 минути возење велосипед од нејзиниот стан, што и го олеснува животот како самохрана мајка. Безбедноста на градот и леснотијата со јавниот превоз, ја смирува неа за безбедноста на децата да патуваат сами. “ Тие од 10 годишна возраст користат јавен превоз’- додава таа.

Што се однесува до нивното образование Женева нуди големи можности. Јавните училишта се бесплатни и генерално се сметаат за квалитетни. Со оглед на големиот број на странци, постојат многу интернационални и приватни училишта, иако школарината може да достигне и до 30.000 швајцарски франци годишно- објаснува Гренеч.

 


Квалитет на живот

 

Големиот дел од социјалниот живот на жителите се случува во близина на езерото Женева, беспрекорно слатководно езеро, што е на површина од 580 квадратни километри.

 

“Во Неделите се среќавам со пријател на базен, пливам во езерото до мојата дестинација, а потоа доаѓам до реката. Тоа е 10 минути оддалеченост од едно место до друго, а трошоците се минимални- вели Брукс.

 

Иако зимата е најпосакувана од страна на скијачите, жителите велат дека градот е во најдобро издание за време на летните месеци. Има бесплатни концерти на отворен  простор, со различни интернационални уметници и отворено кино, а наспроти е глетката од прекрасното езеро.

 

Женева има се што има и еден поголем град, во економскиот живот, интернационална култура, спорт, транспорт, и е побезбеден во споредба со другите градови. Многу од нашите клиенти се подготвени да се преселат во Женева поради убавините што ги нуди,- вели Бедат.

 

Статијата може да ја најдете на ББС.

Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија