X
 21.09.2016 Образование

Дискриминацијата при приемот на колеџ за која никој не зборува


Три студентки споделуваат заедничко искуство. Трите се полу Азијки и дипломки на Ајви лигата (Ivy League). Сите три одлучиле да се идентификуваат според другата половина од нивната етничка припадност во моментот кога се пријавувале во колеџ за белци.

Во изминативе неколку децении, азиските Американци ја искусиле потешкотијата за прием на врвните национални колеџи ако се идентификуваат како Азијци. Поради тоа, можеби, многу од апликантите денес се одлучуваат да не ја откријат својата етничка припадност при поднесување апликација за упис на колеџ.

Анализата на Националната студија за искуства од колеџот (NSCE) од 2009 година, покажува дека азиските апликанти треба да освојат 140 поени повеќе од апликантите белци, 320 повеќе од Хиспанците апликанти и 450 повеќе од црнците апликанти на приемниот испит SAT за да имаат „еднаков“ третман.

Исто така, статистиките покажуваат дека бројот на апликантите Азијци во Иви лигата тројно се зголемил од 1993 година, додека нивното учество во студентските тела стагнира со 18-20%.

Прашањето е зошто јавноста е слепа пред оваа дискриминација со која се соочуваат студентите Азијци? Дури и советувачите за прием на колеџ ги подучуваат Азијците како „да изгледаат помалку азиски“.

Очевидните последици се однесуваат на спречување на овие студенти на патот кон остварувањето на нивните образовни цели.

Не треба да нè изненадува дека Иви лигата и другите врвни колеџи најчесто се насочувачи кон влијателни политички и економски позиции на студентите. Следствено на тоа, ограничувањето на бројот на Азијци во таквите школи, ефективно го намалува нивното демографско претставување како целина на Азијците во Америка.   

Текстот е преземен од колумна во магазинот Форбс, кој интегрално можете да го прочитате на следниов линк.


Дискриминација на азиските студенти во Америка
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование