X
 03.10.2016 Технологија

Кој е најдобриот смартфон за 2016?

Технолошкиот магнат Т3 ја прославува 10 години од своето постоење и го објави својот избор на најдобри прозиводи во 2016-та на церемонија во Лондон.


Големите имиња меѓу кои Sony, Apple и Samsung добија признанија, но најголем победник на вечерта е HTC кој се закити со три трофеи.

 

 

Нивниот Vive VR headset е големиот победник за 2016 година и е единствениот производ кој доби повеќе награди, меѓу кои најдобар производ за игра на годината, иновација на годината и геџет на годината.


Samsung исто така имаа добра ноќ и се закитија со наградата најдобар бренд на годината, а нивниот модел S7 е прогласен за најдобар смартфон на годината.

Apple исто така се впишаа на листата победници, кои добија специјална награда за најдобар гаџет на декадата, а поп легендата will.i.am ја доби наградата Tech личност на годината.

Ова е списокот на добитниците :

Камера на годината – Sony A7R II

Дизајн на годината – Aston Martin DB11

Избор на уредникот  - Ring

Tech личност на годината -  will.i.am

Призвод за игри на годината  - HTC Vive

Производ најпогоден за носење   - Samsung Gear S2

Автомобил на годината – Tesla Model X

Стриминг сервис на годината  -  Now TV

Лап топ на годината – Microsoft Surface Book

Уред/геџет на декадата – Apple iPhone

Телевизор на годината  -  Sony XD93

Иновација на годината – HTC Vive

Телефон на годината – Samsung Galaxy S7 Edge

Бренд на годината – Samsung

Уред/геџет на годината  - HTC Vive

 

 

 

Уредникот на Т3 истакна дека е неверојатно колку технологијата во изминатата декада се изменила, односно напреднала и со тоа влијаела на целокупниот начин на живот.


„Ајфонот на Apple е основа за сите останати паметни телефони кои се произведуваат. Изминатите 12 месеци постојано не воодушевуваа со нови технолошки уреди и наговестуваат нови возбудливи 12 месеци “, велат од Т3.


Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија