X
 10.10.2016 Образование

Искрено со наставниците: Не нѐ почитуваат ниту родителите ниту децата


 
Наставниците и професорите во основните и средните училишта секако дека мора искрено да разговараат со родителите за доброто на децата, посебно ако постои проблем. Некои го прават тоа, но некои не можат од различни причини. Искрените зборови или премногу ќе ги повредат родителите, а постои опасноста и самите наставници ќе бидат пријавени до институциите со оглед на многуте забрани со кои се соочуваат секојдневно. Зборовите секако треба да се бираат, но некогаш вистината треба да се каже во очи, колку и да боли. Прашавме неколку наши наставници и професори, што би им кажале на родителите на нивните ученици, а сега, од различни причини не смеат. Еве дел од нивните одговори.

Не го почитуваат наставниот како некогаш
„Родителот секогаш очекува неговото дете да биде меѓу најдобрите, но има и такви кои не се согласуваат со постигнатиот успех на ученикот, па тогаш вистината е малку болна за нив. А во секој случај ако на децата им се даде преголема слобода од страна на родителите и на училиште постои истиот проблем. Наставникот повеќе не го почитуваат како некогаш“. (наставничка во основно училиште).

Ништо директно не смее да им се каже
„Исто како на учениците и на родителите не смеете да им кажувате директно за нивните деца, морате да смислувате приказна за да доловите што треба да се промени кај нивните деца“. ( Б.J. наставник во основно училиште)

Не нè почитувате, а така ги учите и децата
„ Слично како и на учениците. Децата им се невоспитани, а тоа произлегува од нив. Дека (некои од нив) воопшто не ги почитуваат наставниците, а на тоа ги учат и нивните деца. (наставничка во основно училиште).

Љубовта и вниманието кај децата го купувате со пари
„Не на сите родители. Дека љубовта и вниманието кај децата ги купуваат со пари, дека отворено зборуваат против наставниците кои што ги навредуваат, дека им ветуваат дека тие ,,ќе разговараат со наставничката и ќе види таа кој е тој, дека ќе ја пријави во инспекција, кај директорот и педагогот, која е таа да го нервира неговото дете,,. Дека од своите деца прават паразити, а еден ден лошо ќе им се одрази за таквиот начин на размислување и однесување. (наставничка од основно училиште“.

Родителството е најодговорната професија
„Да се потсетат дека родителството е најодговорната професија и дека времето кое не го минуваат со своите деца, а заради што ги губат од вид, не смеат да го користат како алиби за сопствените родителски грешки, оправдувајќи ги со тоа што ќе речат дека заради нив трчаат и се борат за подобро. Времињата се тешки, точно е дека многу проблеми се исправени пред нив како родители, но ако ја земеме предвид реалната состојба во рамките на која родителите не доаѓаат во училиште ако не се повикани, а не дојдат и по неколку повикувања за да кога конечно ќе дојдат заземаат апологетски став во оглед на однесувањето на нивните деца, наместо да прифатат дека тие се нивното огледало и дека мораат поинаку, станува јасно дека родителот пред сè мора да работи на себе за да може да ги санира штетите по детето. (Е.С. професорка во средно училиште)

Би им ставила двојка, заради малата грижа
„Доколку би ги оценувала нив, би добиле просечна оценка 2 поради малата грижа и соработка во училиштето. (В.С. професорка во средно училиште)

Не е пријатно да слушаат негативни критики
„Со родителите е поинаква комуникацијата, за доброто на нивните деца реагирам отворено, секако со одбрани зборови зашто не е пријатно родител да слуша негативни критики за своето дете“. (Т. А. професорка во средно училиште)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование