X
 07.11.2016 Образование

Студентска конференција за енергерска ефикасност и одржлив развој

Да се подигне свеста за енергетска ефикасност и одржлив развој

Со развојот на технологиите, се поголем акцент се става на одржливата енергија и енергетската ефикасност. За да се поттикне размислувањето за енергетска ефикасност се поактуелни стануват конференциите и семинарите коишто ја разработуваат токму оваа тематика. Затоа, од 24-ти до 26-и ноемри 2016 година ќе се одржи четвртата „Студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР“, во просториите на покровителот - Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). Конференцијата се организира во соработка со МАКО -СОГРЕ и македонската секција на IEEE.



На конференцијата ќе се презентираат студентски трудови и ќе се организираат пленарни предавања од професори и компании на темата електроенергетска ефикасност и одржлив развој. Со конференцијата ќе се подигне свеста, особено кај младите генерации (студентите), за потребата од енергетска ефикасност и одржливоста и нејзиното имплементирање во сите области од животот. Исто така ќе се овозможи научно истражувачка работа на глобално актуелни теми, меѓусебна размена на знаења и искуства меѓу експерти и познавачи на оваа проблематика, како и можност за остварување контакти на различни нивоа, интерно помеѓу самите студенти и професори, но и пошироко со разни компании за понатамошна соработка.

Ангажирањето и истражувањето на одредена тема ќе ја доближи оваа прпоблематика до младите генерации. Темите за истражување се многу популарни и во согласност со технолошкиот развој. Поради ова очекуваме интерес кај студентите и кај пошироката јавност. Енергетската ефикасност, новите електроенергетски системи, обновливите извори и можноста за интегрирање на електричните возила, кои веќе се и се повеќе ќе бидат дел од нашата блиска иднина, се неколку од темите кои ќе бидат обработени на овогодинешната конференција. Покрај електроенергетиката, како актуелна и главна тема, студентите ќе разработуваат теми и од областа на автоматизација на објекти, паметни мрежи и нови применети технологии и материјали. Дел од темите се и од областа на енергетската ефикасност во градежништвото и архитектурата, со што очекуваме заинтересираност и од студенти од овие факултети.



На минатогодишниот СКЕЕОР беа објавени околу 40 труда со меѓународен карактер, учествува студенти и професори од светски универзитети, а беа одржани и пленарни предавања. Подетални информации за СКЕЕОР 2016 може да најдете на официјалната страна: http://skeeor.feit.ukim.edu.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование