X
 18.11.2016 Култура

Страната на Винстон Черчил што светот многу малку ја познава

Како премиер, Винстон Черчил ја водеше Британија до победа против нацистите. Но, тој исто така беше писател и сликар, кој сликал за да се бори против депресијата. Неговите дела се сега изложени за прв пат во Германија.

Не постојат многу градови, кои можат да се гордеат со три добитници на Нобелова награда. Lübeck  во северна Германија е еден од нив.


Винстон Черчил

Писателот Томас Ман, поранешниот германски канцелар Вили Брант и писателот Гунтер Грас, сите беа родени или живееле голем дел од својот живот во овој град.

Сега духот на уште еден добитник на Нобеловата награда пристигна во Lübeck. Делата на поранешниот британски премиер Винстон Черчил ќе бидат изложени во Гунтер Грас куќата, се до 12 февруари 2017 година.

Изложбата содржи 11 слики во масло од Черчил


Черчил не беше само политичар, но, исто така бил и сликар и писател. Во 1953 година, на возраст од 79 години, тој добил Нобелова награда за литература. Гунтер Грас, кој ја примил наградата во 1999 година исто така, бил повеќе од писател. Тој цртал, бил скулптор и политички бил активен. И Грас и Черчил беа погодени од Втората светска војна и давале поддршка за единство на Европа.

Черчил сликал за да го предизвика својот ум

На изложбата во куќата на Грас, се претставени 11 слики во масло од Черчил, која тој ги изработил помеѓу 1920 и 1950 година, како и текстови и документи од неговиот живот.

Черчил не сликал се до 40 годишна возраст, но создал над 500 дела во неговиот живот.

„Ние сме заинтересирани за сликите кои раскажуваат приказни. Преку комбинација на зборови и слики, посетителите откриваат непозната страна од личноста на Винстон Черчил"- изјавил Јорг Филип Томса, директорот на куќата Грас за Дојче Веле.  

Изложбата нема за цел да го редефинира овој политичар како еден од најголемите уметници во светот, бидејќи тој не бил професионален сликар. „Черчил сликал за да се бори против депресијата и да го предизвика својот ум"- објаснил Томса.

Се случува за прв пат делата на Черчил да се изложени во Германија. Обично, сликите не го напуштаат неговиот имот во Chartwell, кој денес е претворен во музеј.


изложба


Мирни пејзажи и политичка порака


Некои од сликите на платно прикажуваат мирно пејзажи со сино небо. Исто така во рамки на изложбата е вклучена слика од американскиот сликар Џон Сингер Саргент, на која е насликата Катедаралата „St.Vaast“ која беше уништена во Втората Светска Војна.

Редок портрет насликан од пилотот, Џек Скот е исто така прикажан на изложбата.Черчил го спасил животот на Скот по авионската несреќа во 1919 година.

Европскиот концепт ги поврзува Черчил и Грас

По Втората светска војна, Черчил водел кампања за европско помирување и единство, па токму затоа изложбата во Lübeck е толку важна денес.

„Черчил беше цитиран повторно и повторно од страна на медиумите во контекст на Брегзит и европското единство"- истакнал Томса.

„Идеите на Черчил се повеќе актуелни денес отколку што биле во последните децении. Ние во моментот се соочуваме со Европа која се распаѓа. И Черчил и Грас макотрпно работеле преку лекциите од Втората Светска Војна. И двајцата ни дадоа важни сигнали како предупредување за тоа што се случва ако не сме внимателни. Ние мора да работиме и да се бориме за Европа“-изјавил Торстен Албиг, претседателот на министерскиот совет на покраината Шлезвиг-Холштајн.
Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура