X
 02.12.2016 Технологија

Смартфонот кој нуди уникатни можности

Тешко е да се каже дека денес некој уред може да биде иновативен, но со тек на времето се случува токму тоа.


Иновациите не мора да бидат изнесени само од оние најдобри компании, понекогаш можно е да изненадат и они помалку познатите. „Oukitel“ и не е баш непознато име, но од оваа компанија сигурно не би очекувале некаква иновација. Сепак има нешто заради кое мислењето може да се промени.

Oukitel U15S  на прв поглед изгледа како сосема обичен паметен телефон, но овој модел крие навистина интересни работи. Замислете ситуација во која читата одреден напис и сакате да го сликата целиот напис, на пример рецепт. Знаете дека тоа е тешко да се изведе, но овој модел на телефон нуди можност да ја сликате страницата која се протега преку неколку страници, со опција таканаречена „long screenshot“. За работите да бидат уште поинтересни, можете да сликате на различни начини, а тука е и можноста за снимање на екранот за време на вашите активности.

Иако  U15S е веќе официјално објавен,  Oukitel во моментов работи  на редизајнирање на страниците за овој уред. Уредот доаѓа и со оперативен систем базиран  на Androidu 6.0. Перформансите се подигнале за 25 % во споредба со оригиналниот систем и сега може да се заштеди до 50 % повеќе батерија со капацитет 2700mAh.

U15S има процесор од  1.5GHz, 4GB RAM, 32GB интерна меморија која може да се накачи до 128GB, Панасоник камера од  16MP и 5.5-инчен Sharp FHD екран. Повеќе информации за овој модел на паметен телефон на овој линк.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија