Во текот на овој век, научниците и инженерите од и Универзитетот во Глазгов се на пат да создадат мали беспилотни воздушни возила за воени операции кои можат да „се одгледуваат во големи лаборатории со помош на хемијата“.
Иднината на модерното војување само што стана застрашувачко, благодарение на чекорот напред во развојот на воените летала.
Истражувачите од BAE Systems моментално истражуваат нова технологија која ќе ѝ овозможи на војската да „одгледува“ мали беспилотни летала во неколку недели.
„Радикалната нова машина наречена „Chemputer“ може да овозможи напредни хемиски процеси со цел да се зголеми леталото и некои од неговите комплексни електронски системи“, пишува на веб страната на компанијата.
„Оваа уникатна технологија може да користи еколошки одржливи материјали и да ги поддржи воените операции каде мноштво на мали беспилотни
летала со комбинација на технологии може да бидат потребни брзо. Исто така може да се користи за производство на мултифункционални делови за авиони со голем човечки екипаж“.
За да се илустрира потенцијалот на оваа технологија, BAE systems објавија видео концепт од процесот во акција.
Инженерот Ник Колосимо од BAE Systems вели дека авионот може да изврши различни мисии како што е на пример имплементирање на итни резерви или вршење на надзор.
„Сетот на војската и цивилните авиони постојано се развиваат, и возбудливо е да се работи со научници и инженери надвор од BAE Systems како и да се има во предвид како некои британски технологии можат да се справат со воените закани на иднината“, вели тој.
„Создавањето на мали авиони ќе биде доста предизвикувачки меѓутоа јас сум убеден дека со креативното размислување и конвергентната дигитална технологија на крајот ќе доведе до дигитално програмирање на комплексни хемиски и материјални системи“.