Избива нова закана. Вирус наречен „XData“ интензивно се шири во Украина, со дури три пати повеќе „инфекции“ отколку што направи „WannaCry“. Иако во моментов е регистриран само во Украина, се очекува да се рашири и глобално и да нанесе поголеми последици од вирусот од минатата недела.
Новиот вирус бил откриен од од истражувач во „MalwareHunter“, па регистрирани се 94 „инфекции“ и бројката се зголемува. Со „WannaCry“ вирусот беа инфицирани 200 илјади уреди, а со новиот вирус ако се прошири глобално се очекува бројката да биде поголема.
Експертите анализираат и се обидуваат да идентификуваат како вирусот ги „заразува“ уредите, но новиот вирус целосно ги трансформира документите во шифри и не е пронајден начин за истите да бидат дешифрирани.
Кај уредите зафатени од вирусот се гаснат сите вклучени процеси, а нема можност и за поврзување на Интернет. Заради големиот број на зафатени уреди се смета дека во вирусот е вметнат и некој дополнителен драјвер.
Експертите велат дека е рано да се предвиди колкаво влијание ќе има вирусот на Украина, а и надвор од неа, бидејќи уште не им е познат механизмот на самиот
вирус. Во моментов го набљудуваат и анализираат вирусот, а степенот на ширење се зголемува од час во час.