X
 10.12.2016 Култура

Документарец што предупредува: „Нуклеарна војна е возможна!“


Нуклеарна војна веќе не е незамислива. Притоа не станува збор за тензиите меѓу Русија и САД. Новинарот и режисер Џон Пилгер, кој е добитник на наградата БАФТА, сними документарец  со намера да го прекине молкот за новата голема закана по светскиот мир – можната војна меѓу САД и Кина.

Атомска бомба

Светските масовни медиуми известуваат за сè подрските потези на Кина во Јужното Kинеско Mоре, каде таа велесила ги презема островите и територијата, во очигледен обид за сопствена експанзија, но Џон Пилгер гледа поинаку на тие настани. Тој смета дека всушност Кинезите реагираат на активностите на американската војска во нивното опкружување.

Промената на стратегијата на американскиот претседател Обама и префрлањето на тежиштето во Азија во 2011 година, резултираше со изградба на 400 американски бази, вклучително и Гуам, Јужното Кинеско Море, Јужна Кореја и Јапонија. Географски гледано, САД околу Кина направија воена јамка, смета Пилгер, што е сочинета од ракети, воени бродови и нуклеарно вооружување.

„Добитникот на Нобелова награда за мир, Барак Обама, посвети милијарди долари на нашиот (американски) нуклеарен арсенал. Тој посветува идни милијарди долари за војна во вселената и нам ни треба непријател за да ги оправдаме тие средства, а Кина е совршен непријател“, истакнува Пилгер, а пренесува РТ, каде на документарниот канал денес премиерно ќе биде прикажан новиот документарец  „The coming war on China“.

Во овој документарен филм има изјава од  помошникот американски државен секретар, Даниел Р. Расел, кој истакнува дека повеќето азиски крајбрежни земји го поздравуваат присуството на американската војска и морнарица на нивното подрачје и дека тоа го прифаќаат и Кинзите.

„Мојот впечаток е дека тие всушност се плашат“, му одговара Пилгер.

Еден од соговорниците во документарецот истакнува дека старите Кинези го изградија Кинескиот ѕид за да ги задржат варварите надвор од својата територија, а не заради територијално проширување. Сакаат ли сега Кинезите да направат морски ѕид во Јужното Кинеско Море за да ги задржат Американците? Тоа е и главната поента на овој филм.

Пилгер тврди дека светот повторно се наоѓа само на неколку минути пред полноќ на оној познат часовник кој го брои времето до нуклеарна апокалипса. „Овој документарец сака да го разбие тој молк. Нуклеарната војна повеќе не е незамислива.“
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура