X
 29.12.2016 Живот

Години кои беа многу полоши од 2016 година

Неодамнешната серија на смртни случаи на славните личности, масакрот што продолжи во Сирија води до помислата дека 2016 година е најлоша година досега, проценува „Independent“.

Историски гледано, 2016 и не беше толку лошa година, всушност, таа беше прилично добра. Ова се осумтте години во историјата на човештвото што беа многу повеќе погубни и полоши од 2016 година.

историски лоши години

1. 1348

Годините на „Црната Смрт“ (1348-1350) ги одзеде животите на околу 1,5 милиони луѓе, уништувајќи речиси половина од населението на Англија и околу 200 милиони низ Европа и Азија меѓу 1346 и 1353 година.

2. 1492

За многумина ова беше година кога Кристофер Колумбо исплови за Америка. Сепак, за домородното население на Америка, тоа беше почеток на крајот: Бројките говорат дека 80-90 проценти од домашното население починало како резултат на „Европските болести“.

3. 1666

Во 1665 година „Големата Чума“ во Лондон дојде во Англија, која беше продолжение на „Црната Смрт“, а се проценува дека 100.000 луѓе,  речиси една четвртина од населението во Лондон за помалку од две години починаале. Само што градот почнал да се закрепнува настанала нова трагедија,големиот пожар во Лондон, во септември уништил над 70.000 од 80.000 домови во Лондон.
 
4. 1919

Во годините 1918-1920 од пандемија на грип биле заразени 500 милиони луѓе, а тоа резултирало со смрт на 50-100 милиони луѓе, или 3 -5 проценти од светското население. Исто така, во 1919 година, шест месеци по завршувањето на Првата Светска Војна, Германија била принудена да го потпише Версајскиот договор.

Член 231, познат како „клаузула за вина“, во суштина ја обвини целата војна на Германија и побара милиони фунти за обесштетување од земјата, што ја втурна во депресија. Многу историчари ја припишале оваа клаузула како елемент кој влијаел да порасне моќта на Адолф Хитлер.

5. 1933

Ова беше најлоша година на „Големата Депресија“: невработеноста достигна 25,2 отсто односно еден на четворица немаа работа. Адолф Хитлер станал канцелар на Германија и го отворил првиот концентрационен логор во Дахау.
 
6. 1942

Германија презеде голем дел од Советскиот Сојуз, а Јапонија војуваше со западните империи во Азија. Како резултат на тоа, стотици илјади јапонски државјани во Америка биле притворени поради она што требаше да стане масовна политика на расно профилирање.

7. 1994

Ова е годината на геноцидот во Руанда, при што се проценува дека 800.000 жители на Руанда (главно од племето Тутси) биле убиени за само 100 дена, главно од страна на припадниците на племето Хутус.
 
8. 2001

На 11 септември 2001 се одбележува нападот на Ал Каеда врз кулите-близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк и зградата на Пентагон во близина на Вашингтон, што предизвика смрт на 2996 луѓе. Тоа го означи почетокот на „војната против тероризмот“, и политиките креирани после тоа доведоа САД и Велика Британија да влезат во она што многумина го сметаат за голем број на лошо замислени војни и продолжија да влијаат на светот денес.
SaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот