X
 16.01.2025 Технологија

Неверојатно е колку поскапеле автомобилите за 10 години: Погледнете ги цените на најпродаваните модели во 2014 и 2024 година

Според истражувањето на водечката европска платформа за купување и продавање половни автомобили, „Ауто скаут 24“, во последната деценија просечната цена на 10. најпопуларни автомобили е зголемена за цели 68 проценти.

Ова се однесува на Шпанија, но ова истражување може слободно да се реплицира според овие проценти во други европски земји. Иако цените на автомобилите во сите земји на ЕУ веројатно не биле идентични во евра, растот бил приближно ист, па ова истражување може да послужи како добра илустрација.

Од „Ауто скаут 24“ пресметале дека просечната цена на 10. најпродавани автомобили во 2014 година била 14.236 евра, додека во 2024 година била 23.977 евра. Овој пораст далеку ја надминува стапката на инфлација од 19,4 отсто во тој период. Зголемувањето на цената од 68 проценти за 10 години е резултат на зголемените цени на суровините, покомплицираната логистика и строгите еколошки и безбедносни прописи во ЕУ, кои ги поскапиле новите автомобили. Покрај тоа, понудата се променила: производителите го намалија производството на мали и достапни автомобили, давајќи им приоритет на поголемите и технолошки понапредни возила, како што се СУВ-моделите кои доминираат на пазарот денес, што во голема мера ги промени „правилата на игра“.

Во 2014 година најпопуларни беа градските и компактните модели како „голф“ или „рено клио“, додека во 2024 година се СУВ-моделите како „пежо 2008“ или „ти-рок“. Прогнозите покажуваат дека теренците ќе продолжат да сочинуваат повеќе од 60 отсто од сите регистрации во наредните години.

Барањата да се продаваат повеќе електрични автомобили за да се надоместат трошоците за автомобилите со внатрешно согорување врши притисок врз производителите, што резултира со казни и повисоки цени. Оваа динамика може да го отежне пристапот до нови возила за оние со среден приход, создавајќи кружен ефект на зголемување на цените. Значи, се чини дека тоа штотуку започнува и можеме да заборавиме на достапните автомобили...

Примери за цени (во евра)

2014 година:


-рено меган15.680
-ситроен C4 15.150
-сеат леон 15.170
-сеат ибица 12.720
-фолксваген поло 12.715
-опел корса 11.331
-голф 18.800
-дачија сандеро 7900
-рено клио 12.550
-нисан 20.350

Примери за цени (евра)

2024 година:


-дачија сандеро 13.490
-тојота корола 25.000
-сеат ибица 17.500
-хјунадаи тусон 33.325
- MG ZS
-сеат арона 23.920
-рено клио 17.299
-тојота C-HR 31.750
-тојота јарис крос 26.450

-киа спортаж 34.150.

Извор: jutarnji.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија