X
 16.09.2019 Образование

Бизнис-академија Смилевски – БАС распишува конкурс за запишување на студенти на прв и втор циклус на студии во 2019/2020 година

Врз основа на член 149 од Законот за високото образование (Сл. весник на Р.М. бр.82/18), врз основа на член 130, 131 и 132 од Статутот на БАС, врз основа на член 9 од Правилникот за условите, критериумите, постапката и правилата за запишување и студирање на прв циклус на студии и член 10 од Правилникот за условите, критериумите, постапката и правилата за запишување на втор циклус на студии

ПРИВАТНАТА НЕПРОФИТНА ВИСОКООБРАЗОВНА УСТАНОВА САМОСТОЈНА ВИСОКА СТРУЧНА ШКОЛА

БИЗНИС АКАДЕМИЈА СМИЛЕВСКИ – БАС
РАСПИШУВА

К О Н К У Р С

ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ НА ПРВ И ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ ВО СТУДИСКАТА 2019/2020 ГОДИНА



I. БРОЈ НА СТУДЕНТИ
1) БРОЈ НА СТУДЕНТИ ШТО МОЖАТ ДА СЕ ЗАПИШАТ НА ПРВ ЦИКЛУС НА СТУДИИ НА БАС


На тригодишната студиска програма по БИЗНИС МЕНАЏМЕНТ на прв циклус на студии на БАС можат да се запишат вкупно 85 студенти во седиштето на БАС во Скопје и во одделението за дисперзирани студии на БАС во Битола.

2) БРОЈ НА СТУДЕНТИ ШТО МОЖАТ ДА СЕ ЗАПИШАТ НА ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ НА БАС

На едногодишната студиска програма по СТРАТЕГИСКИ МЕНАЏМЕНТ на втор циклус на студии на БАС можат да се запишат вкупно 42 студенти во седиштето на БАС во Скопје и во одделението за дисперзирани студии на БАС во Битола.

II. УСЛОВИ И КРИТЕРИУМИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА БАС
1) УСЛОВИ И КРИТЕРИУМИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРВ ЦИКЛУС НА СТУДИИ (ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ) НА БАС


А) Запишување на редовни студенти

Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидати кои положиле државна или меѓународна матура.
Право на запишување имаат и кандидатите кои завршиле четиригодишно средно образование според прописите кои важеле пред пред воведувањето на државната матура, односно пред 2007/2008 година.

Право на запишување имаат и кандидатите кои имаат завршено средно образование во странство со претходна нострификација на дипломата од страна на Министерството за образование и наука на Р. С. Македонија.

Право на запишување имаат и студенти од други високообразовни установи, како и дипломирани лица по посебна постапка на трансфер на кредити, односно признавање на претходно положени испити

- кредити.

На прв циклус на студии на БАС може да се запишат кандидати кои се државјани на Р. С. Македонија и своето образование го завршиле во Р. С. Македонија; кандидати кои се државјани на Р. С. Македонија и кои своето образование го завршиле во странство (со претходна нострификација на образовната квалификација); кандидати странски државјани со завршено средно, вишо или високо образование на високообразовните установи во Р. С. Македонија или во странство (со претходна нострификација на образовната квалификација).

На прв циклус на студии на БАС може да се запишат и кандидати странски државјанин со примена на начелото на заемност.

Б) Запишување на вонредни студенти

Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидати кои од оправдани причини не се во можност да се запишат како редовни студенти за што се приложува соодветна документација во која се наведува причината за вонредно студирање, под целосна лична одговорност. Комисијата за запишување на студенти на прв циклус на студии ја утврдува оправданоста на причините за вонредно студирање. За оправдани причини се смета: работен ангажман, здравствени причини на кандидатот или други оправдани причини поткрепени со соодветна документација од страна на кандидатот, а одобрени од страна на Комисијата.

Вонредните студенти се запишуваат според исти услови и критериуми како и редовните студенти.

Запишаните вонредни студенти имаат можност дел или цела студиска програма да ја реализираат на далечина или преку синергирање согласно Правилникот за условите, критериумите, постапката и правилата за студирање на далечина на прв и втор циклус на студии на БАС.

В) Запишување на студенти на прв циклус на студии со трансфер на кредити

Право на запишување на прв циклус на студии на БАС имаат и студенти од други високообразовни установи, како и дипломирани лица со посебна постапка за трансфер на кредити, односно признавање на претходно положени испити. Право на запишување на прв циклус на студии на БАС имаат и кандидати – студенти кои преминуваат од една на друга високообразовна установа, односно од едни на други студиски програми во истата или од друга високообразовна установа со постапка за трансфер на кредити, односно признавање на претходно положени испити.

Право на запишување на прв циклус на студии на БАС имаат и кандидатите – студенти кои преминуваат од една на друга високообразовна установа, односно од едни на други студиски програми во истата или од друга високообразовна установа од првото затворање на матичната книга до нејзиното второ затворање и при тоа да ги користи предностите на кредит трансфер системот, како и под други услови предвидени со Закон и подзаконски акти.

Условите, постапката и начинот на пренесување на ЕКТС кредити и премин од една на друга студиска програма или од една на друга високообразовна установа се утврдени во Правилникот за единствениот кредит трансфер систем и премин од една на друга студиска програма, односно од една на друга високообразовна установа на БАС.

Студентите со трансфер на кредити од други високообразовни установи се запишуваат според истите услови и критериуми како редовните студенти.

При пријавувањето кандидатите задолжително треба да достават и доказ за претходно започнатото образование од другата/другите високообразовни установи (исписница, уверение за положени испити).

Школарината за кандидатите со трансфер на кредити од други високообразовни установи се намалува во однос на вредноста на признатите (трансферираните) кредити. Вредноста на 1 ЕКТС е 25 евра во денарска противвредност.

Г) Запишување на студенти странски државјани

1. На прв циклус на студии може да се запишат студенти странски државјани под услови утврдени со Закон, Статут и други нормативни акти на БАС.

Д) Документи за пријавување:

1. Диплома за положена државна матура или меѓународна матура (оригинал или нотарска заверка);
2. Свидетелства од сите години од средно образование (оригинал или нотарска заверка);

3. Додаток на свидетелство за завршена година на образование (важи за кандидатите кои завршиле четиригодишно средно образование од учебната 2016/2017 година);

3. Извод од матичната книга на родените (оригинал или нотарска заверка);
4. Уверение за државјанство (оригинал или нотарска заверка);

5. Пополнета пријава за запишување на БАС (може да се најде на интернет страницата на БАС http://bas.edu.mk/dl/PrijavaPrvCiklus.pdf );
6. Уверение за положени испити или Исписница од претходната високообразовна установа (важи само за студентите кои се запишуваат со трансфер на кредити од други високообразовни установи);

7. Доказ за спреченост за редовно посетување на настава (важи само за студентите кои се запишуваат како вонредни студенти).
8. Дополнителни документи за студенти странски државјани (Решение за привремен престој во Р. С. Македонија издадено од страна на Министерството за внатрешни работи на РСМ, решение за нострификација на дипломата за завршено средно образование издадено од Министерството за образование и наука во РСМ, диплома за завршено средно образование (апостил печат на дипломата за земјите потписнички на Хашката конвенција, а за останатите печат од Министерството за надворешни работи), оригинални свидетелства за секоја завршена година и превод на свидетелствата од овластен судски преведувач заверен на Нотар, оригинал извод од матичната книга на родените со превод од овластен судски преведувач заверен на Нотар, оригинал државјанство со превод од овластен судски преведувач заверен на Нотар, фотокопија од важечка патна исправа (пасош) заверена на Нотар, лекарско уверение за општата и психофизичката здравствена состојба на кандидатот издадено од овластено медицинско лице преведена на македонски јазик и со уредна нотарска заверка (HIV и HEPATITIS C статус) не постара од 6 месеци, сертификат/ потврда/ диплома за познавање на македонски јазик и други документи во случај на потреба и по барање на БАС во зависност од специфичноста на конкретен случај).
9. Уплатница за уплатена уписнина во висина од 12.000ДЕН.

Документите се доставуваат лично, во просториите каде ќе се реализира студиската програма, односно, во седиштето на БАС во Скопје на бул. Јане Сандански бр.111/2 или во Одделението за дисперзирани студии на БАС во Битола на ул.Херцег Нови бр. 6, секој ден, од понеделник до петок, од 08:00 до 17:00 часот.

Ѓ) Времетраење на студиите:

Студиите на прв циклус на студии се со времетраење од 3 (три) студиски години, 6 (шест) семестри, освен за кандидатите со трансфер на кредити од други високообразовни установи, каде времетраењето на студирањето зависи од бројот на трансферираните кредити.

По завршувањето на првиот циклус на студии и стекнувањето на потребните 180 ЕКТС кредити, студентот се стекнува со диплома за високо образование со назив Дипломиран бизнис менаџер или на англиски Bachelor of Business Management. Покрај акредитираната диплома, кандидатите добиваат додаток на диплома со опис предмети и останатите остварувања на студентот во текот на студиите.

Е) Висина на школарина:

Школарината за студирање на студиската програма по Бизнис менаџмент на прв циклус на студии на БАС изнесува 1500 Eвра годишно во денарска противвредност. Плаќањето на школарината може да се изврши на рати (до 12 месечни рати во текот на годината). Под одредени услови и за одредени категории на студенит БАС обезбедува и поволности во однос на висината и начинот на плаќање на школарината. Во школарината се вклучени трошоците неопходни за студирање, како што се трошоците за настава, основна и дополнителна литература, учебните помагала, други материјали, пријавување на испити, заверување на семестри, користење на библиотека, административни документи (индекс, студентска легитимација, потврди, уверенија и сл.) и сл.

2) УСЛОВИ И КРИТЕРИУМИ ЗАПИШУВАЊЕ НА ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ (ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ) НА БАС

А) Услови и критериуми за запишување на втор циклус на студии (постдипломски студии)

Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидати кои завршиле соодветни студиски програми од прв циклус на стручни, односно академски студии, односно кандидати кои завршиле тригодишни студии на прв циклус и се стекнале со 180 ЕКТС и кандидати кои завршиле четиригодишни студии на прв циклус на студии и се стекнале со 240 ЕКТС.

Право на запишување на втор циклус на студии имаат и кандидати кои завршиле и несоодветни студии од прв циклус, при што за запишување се пропишува посета на подготвителен курс утврден со самата студиска програма.

На втор циклус на студии на БАС може да се запишат кандидати кои се државјани на Р. С. Македонија и своето образование го завршиле во Р. С. Македонија; кандидати кои се државјани на Р. С. Македонија и своето образование го завршиле во странство (со претходна нострификација на образовната квалификација); кандидати странски државјани со завршено високо образование на високообразовните установи во Р. С. Македонија или во странство (со претходна нострификација на образовната квалификација).
На втор циклус на студии на БАС може да се запишат и кандидати странски државјанин со примена на начелото на заемност.
Запишаните студенти на втор циклус на студии на БАС имаат можност дел или цела студиска програма да ја реализираат на далечина или преку синергирање согласно Правилникот за условите, критериумите, постапката и правилата за студирање на далечина на прв и втор циклус на студии на БАС.

Б) Запишување на студенти на втор циклус на студии со трансфер на кредити

Право на запишување на втор циклус на студии на БАС имаат и студенти од други високообразовни установи, како и дипломирани лица со посебна постапка за трансфер на кредити, односно признавање на претходно положени испити. Право на запишување на втор циклус на студии на БАС имаат и кандидати – студенти кои преминуваат од една на друга високообразовна установа, односно од едни на други студиски програми во истата или од друга високообразовна установа со постапка за трансфер на кредити, односно признавање на претходно положени испити.

Право на запишување на втор циклус на студии на БАС имаат и кандидатите – студенти кои преминуваат од една на друга високообразовна установа, односно од едни на други студиски програми во истата или од друга високообразовна установа од првото затворање на матичната книга до нејзиното второ затворање и при тоа да ги користи предностите на кредит трансфер системот, како и под други услови предвидени со Закон и подзаконски акти.

Условите, постапката и начинот на пренесување на ЕКТС кредити и премин од една на друга студиска програма или од една на друга високообразовна установа се утврдени во Правилникот за единствениот кредит трансфер систем и премин од една на друга студиска програма, односно од една на друга високообразовна установа на БАС.

Студентите со трансфер на кредити од други високообразовни установи се запишуваат според истите услови и критериуми наведени во условите и критериумите за запишување на втор циклус на студии. При пријавувањето кандидатите задолжително треба да достават и доказ за претходно започнатото образование од другата/другите високообразовни установи (исписница, уверение за положени испити).

Школарината за кандидатите со трансфер на кредити од други високообразовни установи се намалува во однос на вредноста на признатите (трансферираните) кредити.

В) Документи за пријавување:

1. Диплома за завршен прв циклус на студии на академски или стручни студии и документи за остварувањата по дипломирањето (оригинал или нотарска заверка).

2. Извод од матичната книга на родените (оригинал или нотарска заверка).
3. Уверение за државјанство (оригинал или нотарска заверка).

4. Пополнета пријава за запишување на БАС (може да се најде на интернет страницата на БАС http://bas.edu.mk/dl/PrijavaVtorCiklus.pdf);
5. Уверение за положени испити или Исписница од претходната високообразовна установа (важи само за студентите кои се запишуваат со трансфер на кредити од други високообразовни установи);

6. Доказ за спреченост за редовно посетување на настава (важи само за студентите кои се запишуваат со намера да студираат на далечина).
7. Дополнителни документи за студенти странски државјани (Решение за привремен престој во Р. С. Македонија издадено од страна на Министерството за внатрешни работи на РСМ, Решение за нострификација на дипломата за завршено високо образование (прв циклус на студии) од Министерството за образование и наука на РСМ, Оригинална диплома за завршено високо образование – прв циклус на студии со апостил печат на дипломата за земјите потписнички на Хашката конвенција, а за останатите печат од Министерството за надворешни работи, превод од дипломата од овластен судски преведувач заврен на Нотар, оригинал извод од матичната книга на родените со превод од овластен судски преведувач заверен на Нотар, оригинал државјанство со превод од овластен судски преведувач заверен на Нотар, фотокопија од важечка патна исправа (пасош) заверена на Нотар, лекарско уверение за општата и психофизичката здравствена состојба на кандидатот издадено од овластено медицинско лице преведена на македонски јазик и со уредна нотарска заверка (HIV и HEPATITIS C статус) не постара од 6 месеци, сертификат/ потврда/ диплома за познавање на македонски јазик и други документи во случај на потреба и по барање на Академијата во зависност од специфичноста на конкретен случај).
8. Уплатница за уплатена уписнина во висина од 12.000ДЕН.

Документите се доставуваат лично, во просториите каде ќе се реализира студиската програма, односно, во седиштето на БАС во Скопје на бул. Јане Сандански бр.111/2 или во Одделението за дисперзирани студии на БАС во Битола на ул.Херцег Нови бр. 6, секој ден, од понеделник до петок, од 08:00 до 17:00 часот.

Г) Времетраење на студиите

Студиите на втор циклус на студии се со времетраење од 1 (една ) студиска година, 2 (два) семестри, освен за кандидатите со трансфер на кредити од други високообразовни установи, каде времетраењето на студирањето зависи од бројот на трансферираните кредити.

По завршувањето на вториот циклус на студии и стекнувањето на потребните 60 ЕКТС кредити, студентот се стекнува со диплома за високо образование со назив Специјалист по страгески менаџмент или на англиски Specialist in Strategic Management.

Д) Висина на школарина:

Школарината за студирање на студиската програма по Стратегиски менаџмент на втор циклус на студии на БАС изнесува 2000 Eвра во денарска противвредност. Плаќањето на школарината може да се изврши на рати ( до 12 месечни рати во текот на годината). Под одредени услови и за одредени категории на студенит БАС обезбедува и поволности во однос на висината и начинот на плаќање на школарината. Во школарината се вклучени трошоците неопходни за студирање, како што се трошоците за настава, оценка и одбрана на специјалистички труд, основна и дополнителна литература, учебните помагала, други материјали, пријавување на испити, заверување на семестри, користење на библиотека, административни документи (индекс, студентска легитимација, потврди, уверенија и сл.) и сл.

III. РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ




Наставата на студиските програми на БАС се изведува на македонски јазик. За одредени предмети, БАС има обезбедено „прозорци на мобилност“ за кои наставата се изведува на англиски јазик.

БАС ја утврдува постапката на селекција на кандидатите за запишување на прв и втор циклус на студии на БАС на начин кој гарантира рамноправност на сите кандидати без оглед на раса, боја на кожа, пол, род, јазик, вера, политичко или друго уверување, етничко, национално или социјално потекло, имот, раѓање, општествена положба, инвалидност, сексуална ориентација и возраст.

Критериумите врз основа на кои ќе се врши селекцијата и изборот на кандидатите за запишување на прв и втор циклус на студии на БАС се пропишани во Правилникот за условите критериумите, постапката и правилата за запишување и студирање на прв циклус на студии и Правилникот за условите критериумите, постапката и правилата за запишување и студирање на втор циклус на студии кои може да се најдат на интернет страницата на БАС.

Студентите кои истовремено студираат на повеќе студиски програми од различни специјалности и изучуваат дополнителни курсеви, како и студентите кои побрзо напредуваат во студиите, студентите кои ги продолжуваат студиите на друга високообразовна установа ако високообразовната установа на која биле запишани престане да работи, студентите кои преминуваат од една на друга високообразовна установа, односно од едни на други студиски програми и насоки или во иста високообразовна установа и при тоа ги користат погодностите на кредит системот, студентите кои ги продолжуваат студиите што ги прекинале под услови определени со статутот на високообразовната установа, странските студенти, како и студенти кои од оправдани причини не успеале да се запишат во матична книга при првиот термин на затворање на матичната книга на запишани студенти и доколку има непополнети места согласно овој конкурс и запишаните студенти во првото затворање на матичната книга, тоа може да го направат до второто затворање на матичната книга, со тоа што ќе се пријават најдоцна до 03 февруари 2020 година. Како оправдани причини поради кои одредени студенти не успеале да се запишат во матичната книга во првиот термин на затворање се сметаат: болест, за што студентот доставува отпусна листа , односно отпусно писмо од болничко лекување за периодот за времетраење на терминот за запишување; смрт на потесен член на семејството, за што студентот доставува извод од матичната книга на умрените; незавршена постапка за нострификација на свидетелства и дипломи стекнати во странство. Запишувањето на овие студенти се врши согласно Правилникот за формата и начинот на водењето (во материјална и електронска форма) и содржина на матичната книга на запишани студенти и главната книга на дипломирани студенти (Службен весник на РСМ бр. 102/18 и 245/18), а по претходно добиена писмена согласност од страна на министерството задолжено за работите на високото образование.

ВАЖНО: За оние студенти кои ќе се пријават најдоцна до 28.06.2019 година следува 10% попуст на вкупната школарина за студирање.

Повеќе информации на www.bas.edu.mk , bas@bas.edu.mk или на 02/2455-754, 047/225-218

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование