X
 25.02.2017 Култура

Какви подароци добиваат кандидатите за Оскар од Академијата?

oskar

Добрата забава никогаш не е целосна без подарок, а Оскарите не се исклучок. Меѓутоа, што би можеле да дадете како подарок на богати и познати личности за кои се чини дека имаат буквално се`?

Но, во овој случај подароците не се дадени само од добра волја, туку повеќе за добар бизнис. Компаниите плаќаат високи цени за место во ќесата со подароци.

15 години по ред, компанијата „Distinctive Assets“ на кандидатите за Оскар им испраќа торба со подароци наречена „Everyone Wins“. Екстравагантните подароци вклучуваат луксузни одмори, козметички процедури и слично.

Еве што подароци ги очекуваат овогодишните кандидати:

Три дневен престој во вилата „Lost Coast Ranch“ - 40.000 долари
Една недела во ексклузивниот спа „Golden Door“ - 8.850 долари
Пет ноќевања во вила на плажа, до 4.270 долари
Ласерски третман на кожата за недостатоци, до 4.446 долари
Три ноќевања во луксузен хотел во Виторија, Италија - 5.000 долари
Десет лични обуки со познат тренер - 900 долари
Паметен безбедносен систем за домот - 599 долари

Да не ги заборавиме креоните, серумите и кремите за хидратација, благите, маците, обетките и многу други работи. За минатата година „Forbes“ процени дека ќесите со подароци изнесуваат околу 232.000 долари по ќеса односно 6 милиони вкупно.

За овогодишната ќеса се` уште не се знае цената. Основачот на компанијата, Лаш Фареј вели дека добриот подарок нема никаква врска со цената. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура