X
 17.03.2017 Култура

Чомски со предвидување за владеењето на Трамп

comski

Ноам Чомски предупредува дека протестите против Доналд Трамп ќе предизвикаат финансиски колапс. Економистот, историчарот и лингвистот, вели дека статусот на претседателот како „анти-естабилшмент“ е шега, со оглед на неговите естабилшмент кандидати и политики против регулативата кои ја охрабруваат берзата.

„Што е анти-естаблишмент? Овој кабинет влече од милијардерската класа, во голема мера финансиските институции како и војската; всушност, погледнете ја берзата, и тоа ви кажува колку е тој анти-естаблишмент“, вели Чомски.

„Со самото избирање на Трамп, и од тогаш па наваму, акциите на вредностите на финансиските институции ескалираа до небо“, додава тој.

„Инвеститорите се воодушевени што тој ќе ги елиминира прописите, ќе им дозволи повеќе да профитираат. Се разбира, ова ќе доведе до нов колапс, но тоа е проблем на некој друг. Даночните обврзници ќе се погрижат за тоа.

Експертите очекуваат финансиска криза во времето на владеење на Трамп - доста очекувана негативна реакција која се должи на елементот на несигурност. И покрај бурните реакции околу неговата забрана за муслиманите и неговите твитови кои таргетираат одредени компании, американската берза достигна рекордно високо ниво после изборите на 8 ноември и таа продолжува да расте - засега. Акциите на фармацевтските компании, банките и затворите се зголемија под ветувањето за даночен систем и помала регулација.

На пример, претседателот потпиша извршна наредба повторно да го прегледа Актот Дод-Франк, потпишан од Обама после финансиската криза со цел банките да можат да поседуваат поголем капитал и да ограничат ризични инвестиции за заштита на потрошувачите.

Трамп го посочи зголемувањето на пазарот како знак дека неговата администрација е успешна после инаугурацијата на 20 јануари. Тој исто така искажа задоволство за извештајот од Бирото за вработување кое прикажа 235.000 нови работни места во февруари, иако претходно изјави дека сличните бројки под администрацијата на Обама се лажни.

Во најмала рака, се чини дека Трамп ги прави богатите уште побогати, во земја каде што повеќе од 5 милиони луѓе се милионери. Тој изјави дека ќе го намали корпоративниот данок од 35 на 15%, и ќе ги укини даноците за подарок.

„Ќе го намалиме вкупниот даночен товар на американските бизниси. Далеку понапред сме од распоредот“, изјави тој на неодамнешниот состанок со извршни претставници на авиокомпании.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура