X
 23.03.2017 Образование

Иновативни студиски програми во Солун за новата академска година

3

Со бројни иновативни, додипломски и постдипломски студиски програми, Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ ја започна кампањата за регрутирање и упис на нови студенти за академската 2017 – 2018 година. Клиничка невропсихологија, Когнитивна невропсихологија, Меѓународен менаџмент и лидерство во здравство, Напредно инженерство на софтвер за веб и мобилни апликации, Хотел и туризам менаџмент се само дел од студиските програми што се воведени во академската понуда.

Овие нови програми се додадени во богатото портфолио на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ. Студентите се стекнуваат со диплома од Универзитетот Шефилд, диплома од еден од 100те најдобри универзитети во светот. Студентите имаат можност за пристап до неповратни и вредни стипендии, за целиот процес на студирање и за сите академски програми. Аплицирањето за овие стипендии е достапно до 30 април.

programi

Студирањето се одвива во вистински интернационалната средина, со студенти и професори од над 20 различни националности. Низ годините, голем број студенти од Македонија успешно ги завршија своите студии на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ во Солун и се стекнаа со  диплома призната во 196 држави, односно во целиот свет. Во фокусот на кампањата овој пат преку видео сведоштво, активните, тековни студенти ги споделуваат сопствените искуства од студирањето на еден од најдобрите универзитети во светот, воопшто.

Универзитетот Шефилд како дел од професорскиот кадар има дури 6 добитници на Нобелова награда, а дипломците и студентите од овој универзитет се на позиции со голема одговорност и влијание во целиот свет, давајќи значаен придонес во општеството. Како член на престижната Russell Група составена од водечките институции за истражување во Велика Британија, на Универзитетот Шефилд се изведуваат интердисциплинарни истражувањата кои се врвно рангирани насекаде во светот. Овој универзитет е препознаен од студентите како институција која нуди најдобро студентско искуство, според анкетата направена од страна на Times Higher Education во 2016 година.

2

Сити Колеџ поседува седум различни врвни меѓународни акредитации, што е само уште еден доказ за квалитетот на образованието кое оваа институција го нуди. Образовниот процес се одвива во мали студентски групи, што на идните професионалци им нуди одлично академско искуство, а од огромната функционална мрежа на дипломци во земјата и пошироко во регионот, студентите имаат секогаш достапна поддршка.

За повеќе информации, заинтересираните кандидати може да се обратат на овој ЛИНК.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование