X
 23.02.2024 Образование

Десет факултети во Белград ја зголемија школарината за следната академска година

Десет факултети од вкупно 29, за кои белградскиот универзитет во моментов има податоци, ја зголемија школарината за следната академска година, изјави проректорот за настава Дејан Филиповиќ, по завршувањето на седницата на Сенатот на Универзитетот во Белград.

Филиповиќ не сакаше да прецизира за кои високообразовни институции станува збор додека уште две не ги испратат одлуките на своите совети.

- Зголемувањето е од 3.000 до 15-20 илјади динари - рече Филиповиќ.

На прашањето на новинарите зошто не ги соопштуваат информациите што ги имаат во моментов, проректорот одговори дека информациите ќе бидат истакнати на конкурсот за упис на студенти и дека ќе го објават кога ќе имаат информации за сите 31 факултет.

Проректорот потсети дека Сенатот не одговара за школарината, туку одлуките ги носат советите на факултетите.

- Сенатот нема улога да ги коригира цените на школарината, туку само ги добива тие информации за да ги стави во конкуренција износите на школарината - рече Филиповиќ.

Извор: Danas.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование