X
 30.03.2017 Забава

Злобен аларм за сите спанковци меѓу вас

аларм

Сите веруваме во сопствените соништа - така на пример, сонувам како пристигнувам на аеродром или пак ја пронаоѓам собата каде треба да го полагам последниот испит за кој не сум учел. Кога алармот ќе се вклучи, јас притискам „snooz“ - впрочем, имам важна мисија и не можам да бидам прекинат. Затоа ми е потребна оваа злобна и ужасна апликација за аларм.

Апликацијата наречена „I Can't Wake Up“ е достапна за „Android“ и „iOS“, па во зависност од тоа како ќе поставите, може да биде сè - од ефективна верзија на вашиот моментален аларм до дигитален еквивалент кој ќе ве извлече од кревет и кој ќе ви истури кофа студена вода, ќе ве избрка од спалната и ќе ви ја заклучи.

Кога алармот ќе се вклучи, вие добивате загатка, односно задача. Сè додека работите на задачата, музиката на алармот свири нежно. Истиот момент кога ќе престанете да ја решавате, таа станува сè погласна и погласна.

Апликацијата има шест задачи кои можете да ги направите да бидат полесни или потешки. До моментот кога ќе ги решите задачите, вие сте веќе доволно будни за да сфатите дека треба да започнете со денот и дека вистинскиот живот е многу поважен од мисијата во сонот.

Доколку треба навистина да станете од кревет, тогаш можете да поставите аларм кој вклучува многу потешки задачи.

Постои и опција за која може да се каже дека е и најлоша и најдобра - баркод кој не ви дозволува да здивнете сè додека не го скенирате баркодот кој апликацијата го бара од вас.

Апликацијата ви нуди да ставите музика од вашата најомилена или најомразена плејлиста ако изберете да притиснете „snooze“ ако успеете да го исклучите алармот. Ако едноставно го исклучите алармот, тогаш опцијата „Аwake Test“ ќе ве проверува на секои 5 минути откако сте рекле дека ќе се разбудите.

Апликацијата ви нуди опција за таа целосно да го заклучи вашиот телефон сè додека не го однесете алармот до покомплицираните постапки.

Накратко, алармот може да биде толку злобен колку што барате од него.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава