X
 25.04.2017 Технологија

Што ќе ни донесе најновата верзија на „Windows 10“?

„Windows 10“ важи за лесен оперативен систем, бидејќи помалку го оптоварува компјутерот, за разлика од претходните оперативни системи, а во голем број од своите сегменти потполно е посветен на корисникот и неговото искуство. Ова го потврдуваат и додатоците кои редовно излегуваат и го унапредуваат овој систем. Ова се неколку најинтересни детали од новото ажурирање.


Добра вест за гејмерите


Нова и најмоќна верзија со големи предности за љубителите на видео игрите - „Game mode“. Тоа значи дека кога се определувате за оваа опција, можете да играте игри без пречки и кочење, или било какви проблеми, бидејќи системот автоматски ќе го ослободи процесорот и ќе го постави играњето игри во тој момент како приоритет за целиот компјутер.

Добра вест за вашиот ѕид

По примерот на мобилните софтвери и овој оперативен систем започнува со грижата за видот. Благодарение на новата верзија, повеќе нема да ви се појавуваат цифри и букви пред очите по повеќечасовно седење пред екранот. Ќе можете да активирате ноќен режим, кој ќе ја намали силната светлина и ќе ги засили сините тонови, па вашите очи полека ќе се навикнат на мракот и ќе се одморат од интензивните бои и светлина.

Кортана е уште попаметна

Најверојатно сте слушнале за Сири, а не за и за Кортана. Се работи за личен асистент создаден преку вештачка асистенција. Најновата верзија на оперативниот систем ќе ве натера да ги одржите сите ветувања кои сте ги дале преку телефон или електронска пошта, така што овој виртуелен асистент ќе ви предложи одредени реченични конструкции и автоматски ќе се претвори во потсетник.

„Paint“ со долгоочекуваниот напредок

Сите поминале низ фазата во детството кога омилена игра била „Paint“. Денес, ова е сериозна програма, а во најновата верзија „Windows 10“ оваа програма е веќе тродимензионална.

Поголема контрола над ажурирањето


Некогаш не бевме во можност да ја прекинеме работата и да го оставиме компјутерот да се ажурира кога најмногу му одговара. Ова беше еден од најголемите проблеми на „Windows 10“. Во најновата верзија корисниците ќе имаат далеку поголема контрола над термините во кои софтверот се освежува.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија