X
 03.08.2017 Технологија

Европол дава совети за безбедно купување преку интернет

Европол на своите веб-страници објави совети за безбедно купување преку интернет кои би требало да го намалат бројот на онлајн-измами.

интернет комуникација
Фото: Freeimages

Купувајте од проверени извори, користите брендови и продавници што ви се познати и проверувајте како се оценети продавачите од кои купувате на страниците како што се Амазон и Ибеј.

Проверувајте ги трајните плаќања. Пред да внесете податоци за кредитната картичка за плаќање трајни услуги преку интернет, дознајте како може да ја прекинете таа услуга.

Многу интернет-трговци од вас ќе бараат да ги чуваат вашите податоци за плаќање: добро размислете пред да се согласите и запознајте се со сите ризици што ги носи таквата одлука.

Користете кредитна картичка при онлајн-плаќање. Повеќето кредитни картички имаат добра политика на заштита на купувачите. Ако не сте го добиле она што сте го нарачале, издавачот на кредитната картичка ќе може да ви ги врати парите.

Осигурете се дека трансферот на податоци е соодветно заштитен. Побарајте ја иконата за заклучување на URL адреси и користете HTTPS и SSL протоколи кога сте на интернет.

Подгответе ги сите документи поврзани со вашето онлајн-купување. Може да ви бидат потребни за да ги утврдите условите на продажба или да докажете дека сте ја платиле стоката. Ако не купувате одреден производ или услуга, не давајте податоци за вашата кредитна картичка.

Кога купувате онлајн од друга личност, не испраќајте пари однапред. Ако е можно, договорете се првин да ја добиете стоката.

Немојте да му праќате пари на некој што не го познавате: ако некој ви се обрати онлајн и ви побара пари, размислете дали би му го дале истиот износ на некој што ќе го сретнете на улица.

Никогаш никому не праќате број од кредитна картичка, ПИН или други податоци за картичката по електронска пошта.

Избегнувајте да купувате онлајн на страници што не користат целосна проверка (Verified by Visa/MasterCard Cesure Code).

Никогаш не праќајте податоци за картичка во незаштитена електронска пошта: некои онлајн-продавници надвор од Европа бараат да им доставите копија од својата картичка или пасош по факс како гаранција.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија