X
 15.05.2017 Технологија

Mp3 замина во историјата!

мр3
Фото: Getty Images

Дигиталниот аудио формат Mp3 го промени начинот на кој слушаме музика и донесе безброј нови уреди во текот на последните неколку децении. Но, сега оди во историјата. Девелоперот на овој формат објави дека престанува со лиценцирање на програмата.

Вистинската историја за сопственоста на различни права на патенти во кои е вклучена Mp3 технологијата е прилично комплицирана и неуредна. Но, Институтот Фраунхофер го потврди правото на лиценца за одредени Mp3 патенти за развивачи на софтвер кои сакаат да дистрибуираат и/или продадат декодери и/или енкодери за него.

„Иако постојат поефикасни аудио кодеци со напредни опции, Mp3 сѐ уште е популарен меѓу потрошувачите. Сепак, поновите медиумски услуги, како стримингот или телевизијата и радио емитувањето користат модерни „ISO-MPEG“ кодеци како што се AAC или МPEG-H. Тие можат да им донесат повеќе функции и повисок квалитет на звукот на многу пониска брзина во споредба со Мр3“, се вели во соопштението на компанијата.

Одлуката во голема мера е симболична, слично како кога производителите започнаа да инсталираат CD-ROМ-ови, наместо флопи дискови.

Мр3 заминува во историјата, но неговото влијание во дигиталниот пејзаж е длабоко. Овој формат овозможуваше полесно преземање на аудио фајлови. Уредите како „iPod“ заедно со „iTunes“ поттикнаа нова ера за „Apple“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија