X
 02.06.2020 Култура

Најпопуларните песни од 80-тите години споени во кратки видеа

Концептот на генерациите каков што го знаеме денес немал иста смисла за луѓето што живееле во подалечното минато. Пред 19 век под „генерација“ се мислело на биолошките врски во рамките на семејството - дедовци, синови, внуци итн., објаснува Сара Лескоу од „Ди Атлантик“. Концептот не ги вклучувал карактеристиките што биле заеднички за луѓето што живееле во исто време.


Без разлика дали концептот е вистински феномен или е измислен и промовиран, повеќето луѓе родени во приближно исто време имаат слични искуства, од слушање иста музика до гледање исти филмови и серии. Видеомонтажи направени од „Д худ интернет“, продукциско дуо од Чикаго, најдобро го покажуваат овој концепт во однос на музиката.


Станува збор за музички компилации од песни што биле популарни во една година, започнувајќи од 1979 година до 1987. Секоја генерација ќе реагира различно на компилациите бидејќи за некој едно видео ќе биде само составено со стари песни, а кај друг тоа ќе разбуди емоции и носталгија.

Со компилациите може да се види и промената низ која минувала музиката со текот на времето. Погледнете ги сите видеа на каналот на креаторите.  


Извор: openculture.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура