X
 08.06.2017 Технологија

„WhatsApp“ ги објави сите промени во апликацијата

Еден од најпопуларните сервиси за комуникација на светот, WhatsApp, штотуку објави новости со кои е уште подобар за користење. Новата верзија носи поедноставно одговарање на пораки, автоматско организирање на слики и видеа, како и филтер за фотографии.

апликација
Фото извор: Profimedia

Фото-филтерите се најголема новост, а можат да се применат на слики, видеа и дури и на гифови. За сега во тек се пет опции, Pop, B&W, Cool, Chrome и Film, но познавајќи го Фејсбук, сопствениците на WhatsApp не треба ни да се сомневаат дека ќе стигне и друг материјал за подобрување на снимените содржини.

Друга новост е автоматската организација на сликите и видеата. Кога корисникот праќа слики и видеа на разговор, тие автоматски ќе се групираат во еден албум. Со допир со прстот на албумот ќе се отвори сета содржина за преглед.

Олеснато е и разговарањето со тоа што е доволен еден потег со прстот на поедина порака во навој за да одговорите на неа.

Новата верзија би требало веќе да биде достапна за Епл корисниците, а за сопствениците на Андроид уреди, сѐ уште не е објавен датум.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија