X
 17.08.2017 Уметност

Уживајте во 9 часа музика од Ханс Зимер

Сигурно сте чуле за Ханс Зимер, човекот кој креира врвни музички дела за филмски остварувања. Во последните години остварува соработка со познатиот режисер Кристофер Нолан и создава музика за неговите филмови.

фото извор: Vermont Public Radio

Зимер не посетувал музичко училиште, а неговото формално образование се состои од две недели лекции по пијано. Тој вели дека неговата сила е во тоа што знае да слуша.

Неговите дела можете да ги слушнете на плеј-листата што трае 9 часа, а ќе ја најдете на овој линк. Исто така, можете да дознаете како Зимер ја креира музиката ако го погледнете прикажаното видео. Тој вели дека во музиката се одвиваат разговори – со соработниците, со колегите музичари и со секој што можете да го слушате.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност