X
 22.05.2023 Технологија

Колку време ѝ треба на вештачката интелигенција за да пробие лозинка?

На веб-страницата „Хоум секурити хироус“ може да внесете лозинка и да добиете процена колку време би ѝ било потребно на вештачката интелигенција за да ја пробие. Сепак, не се препорачува внесување лозинки кои навистина ги користите.

Користејќи вештачка интелигенција, група истражувачи пробиле лозинки кои се состојат од четири до седум знаци веднаш или за само неколку минути, дури и кога имале комбинација од броеви, големи и мали букви и симболи. Истражувачите заклучиле дека нивниот софтвер „ПасГАН“ (PassGAN), кој работи со вештачка интелигенција, може да пробие 51 отсто од едноставните лозинки за само една минута.

Сепак, софтверот не бил толку ефикасен со долгите лозинки. За пробивање лозинка која се состои од 18 знаци, од кои сите се броеви, би биле потребни најмалку 10 месеци. За пробивање лозинка од 18 знаци со броеви, големи и мали букви и симболи би биле потребни шест квинтилиони години.

Некои експерти за сајбер-безбедност се загрижени, додека други сметаат дека денешните генератори на лозинки се напредни и дека вештачката интелигенција нема шанси во пробивање на добрите лозинки.

Извор: Ekapija
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија