X
 07.09.2017 Живот

Трамп повторно предизвика револт кај американските граѓани

трамп
Фото: AFP

Во неколку поголеми градови во Америка, во вторникот избија протести откако владата ги објави плановите за укинување на програмата која на младите имигранти донесени како деца им овозможува да останат во земјата. Во Вашингтон, стотици луѓе се собраа пред Белата куќа за да го искажат револтот откако државниот обвинител Џеф Сешнс го објави крајот на програмата за заштита на младите имигранти позната како DACA.

Во Њујорк, 37 демонстранти биле уапсени за учеството на протестот што се случувал во близина на кулата „Трамп“. Шефот на полициската патрола изјави дека околу 300 демонстранти се движеле по улицата до зградата кога 12 луѓе седнале. „Беа предупредени да станат и да се тргнат. Не ги слушаа нашите предупредувања и останаа на улица, па беа уапсени“, изјави тој на прес-конференцијата. Друга група од 22 демонстранти седнала на улица во истата област. Демонстрантите биле уапсени околу 45 минути подоцна.

Стотици студенти се собрале и во Денвер во знак на поддршка на „Сонувачите“ (Dreamers). Планирани се протести во Лос Анџелес во вторник. Демонстрантите носеле натписи со пораки: „Сакаме закон за сонувачите“, „Стоп за омразата“, „Семејството го возвраќа ударот“. Коалицијата за правата на имигрантите е една од најстарите организации за права на имигрантите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот