X
 18.09.2017 Образование

Прв академски час за бруцошите во Битола и Св. Николе

час

Во преполните амфитеатри на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Св. Николе и Битола ректорот со свечен говор им го честиташе почетокот на новата академска година на бруцошите кои одбраа да студираат на еден од петте факултети при овој универзитет.

Со свои поздравни говори се обратија и деканите на петте факултети при МСУ, а беа доделени и стипендиите за најдобрите студенти и матуранти.



Настанот во Свети Николе беше отворен со свечен концерт на две вокални солистки од градот Електростаљ, Русија. Исто така, беше отворена и изложба на уметнички слики организирана од ЗЛУ „Овчеполски Спектар“, каде беа изложени дела на 8 автори од Свети Николе.

ГАЛЕРИЈА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование