X
 28.09.2017 Забава

Урнебесно детален список за пазарење од една сопруга за нејзиниот маж

фот0
Фото: Twitter

Сите (жени) знаат колку е фрустрирачки кога го испраќаат сопругот со упатство за тоа што треба да купи, а тој се враќа со погрешни производи.

За да не мора повторно да се соочи со овој проблем, една жена одлучи да направи детален список за пазарење и со него да го пушти својот сопруг да ја заврши неделната задача.

„Ова е задачата што му ја дадов на мојот сопруг минатиот викенд. Дури и вие, дечки, треба да ја следите оваа листа за среќни клиенти“, таа го сподели списокот на нејзиниот твитер-профил.

Списокот дури вклучувал мини-цртежи од нејзиниот идеален зеленчук со примери за погрешно и правилно. Исто така, во него таа му вели на својот сопруг дека треба да избере жолти и црвени домати, без дупки; мал кромид со кружна форма и компир со средна големина без очи и зелени бои.

Спанаќот, пак, треба да има добри ливчиња кои ќе бидат без дупки, исто како и бамјата, свежиот фенгурик, а чили-пиперките треба да побара да му бидат дадени бесплатно.

Дополнително, Голвалкар на својот сопруг Гарав му дава дополнително објаснување зошто е толку пребирлива - црвените домати се употребуваат веднаш, додека жолтите можат да траат три до четири дена, чили-пиперките со свиткани краеви најчесто се инфицирани, а фенгурикот со помала тежина бил одгледуван без додавање ѓубриво.

„Откако Гаурав и јас стапивме во брак пред три години, одлучивме да ги поделиме домашните обврски. Гаурав веќе беше подготвен да научи да готви (што не е вообичаено за многу мажи во Индија), но постоеше проблем за кој не знаев - тој немаше никакво искуство во врска со готвењето. Кога првпат го испратив да купи зеленчук, тоа беше епски неуспех, па така се создаде расправија. Вториот пат не беше подобар. Ниту пак третиот. Постојано ми испраќаше пораки во кои го бараше моето одобрение. Затоа морав да го решам проблемот“, вели таа.

Судејќи според реакциите на социјалните мрежи, Голвалкар заклучи дека скоро на сите жени во светот им е познат проблемот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава