X
 07.11.2017 Живот

Се бараат работници во Германија, отворени над милион работни места

германија

Во Германија побарувачката за работна сила и понатаму расте, така што во третиот квартал од оваа година биле отворени 1.097.600 работни места, што е за 175.000 повеќе во споредба со истиот период минатата година, соопшти Институтот за истражување на работните позиции, кој дејствува во рамките на Сојузната агенција за вработување.

„Во споредба со минатата година, побарувачката особено порасна во преработувачката индустрија, сообраќај и логистика“, изјави Александер Кубис од Институтот.

Исто така, побарувачката и понатаму е голема во секторите услуги, градежништво и трговија. Најголема побарувачка преовладува во помалите компании со најмногу 50 вработени, а потоа следуваат средно-големи претпријатија.

Институтот четирипати годишно ги анализира компаниите што во агенцијата за вработување пријавиле отворени работни места. Кон крајот на октомври повторно била забележана ниска стапка на невработеност - 5,4 отсто. Во октомври оваа година имало 150.000 помалку невработени отколку во истиот период минатата година.

Експертите оценуваат дека големата побарувачка за стручна работна сила нема да  се покрие со зголемената имиграција од земјите на ЕУ, како што е случајот во последниве години, како и со стимулирање на мерките во образовниот сектор, и со отворање на германскиот пазар на труд за експерти од целиот свет.

Темата за новиот закон за имиграција, според моделот на класичните имигрантски земји, како што се Канада или Нов Зеланд, според систем на бодови, исто така е тема на тековните преговори за коалиција помеѓу демократите, либералите и зелените, при што либералите се најголемите застапници за отворање на пазарот на трудот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот