X
 30.11.2017 Образование

Дескоска за студентското организирање: Автономија за сите, без партиски влијанија

Автономија за сите, во слободата на истражување, слободата на мислата и сè она што подразбира зборот автономија во рамките на универзитетот. Тоа е мојата цел - со новото студентско организирање да ги отвориме вратите на демократијата во амфитеатрите и аулите за да се чуе гласот на студентите, рече министерската за образование и наука, Рената Десоска на тркалезната маса која денеска се одржа во хотелот „Солун“ во Скопје.


Од денешната тркалезна маса                    Фото: МИА

На собирот беа претставени препораките од првите студентски консултации за ново студентско организирање кои произлегоа од консултации спроведени на четири универзитети. - Новото тело треба да биде во рамки на универзитетот, ослободено од секакви партиски влијанија. Амфитеатрите се школи за демократија. Искуството што ќе го стекнат студентите низ ваквите демократски практики ќе ги научи како понатаму да се борат и да ги застапуваат своите права - рече Дескоска. Според Деа Здравковска од Студентски пленум, студентското организирање ја отвори Пандорината кутија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
- Се покажа дека Универзитетот не сака да им помогне на студентите. Студентскиот парламент мора да биде тело во рамките на универзитетот. Така ќе добиеме поголема кохезија. Студентите треба да знаат што е право на глас, да научат како да го користат, а не да бидат тепани од комисиите, како што се случи минатиот пат. Се надевам дека ова е последна конференција на која се зборува за студентското организирање и дека, конечно, ќе почне нешто да се менува – нагласи Здравковска.


Фото: МИА

Фани Димовска, од студентската организација ЕЛСА смета дека студентските парламенти се елитистички форми кои опстојуваат на универзитетите. Студентите не можат да допрат до нив.
- Статутот на УКИМ не го објаснува поимот на самоорганизирање и останува прашањето зошто овој статут навлегува во работењето на една невладина организација?! Сите сме свесни како се одвиваа последните избори и колку беа демократски. Студентското организирање треба да биде подостапно за студентите. Неопходни се механизми преку кои ќе се врши поголема контрола врз неговата работа – вели Димовска.

Според пратеникот Петар Атанасов, социолог, процесите постојано течат, ако во една точка сме задоволни од нешто, во следна или доцниме или имаме простор за подобрување.
- Нашето општество не го положи испитот во однос на младите. Или заборавивме или не сакавме да размислуваме за младите – особено сегментот за студентското организирање. Општеството немаше вредности кои младите ги учеа, или младите учеа погрешни вредности. Сите заедно и на ист терен мора да изнајдеме решение - рече тој.
Подготвил: В.И.И.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование