X
 17.02.2020 Живот

Коронавирусот предизвикува и необични кражби - разбојници во Хонг Конг украле 600 ролни тоалетна хартија

Разбојници со ножеви украле 600 ролни тоалетна хартија во Хонг Конг, во вредност од околу 130 долари. Жртва на грабежот бил доставувачот на стоката.

- Тројцата напаѓачи вооружени со ножеви почнале да му се закануваат на доставувачот, при што му украле тоалетна хартија со вредност од над 900 јуани - изјави портпаролот на полицијата.

Во Хонг Конг деновиве владее недостиг на тоалетна хартија поради паничното купување намирници предизвикано од стравот од коронавирусот. На повеќе места луѓе чекаат во редици пред продавниците. Освен хартија, граѓаните масовно купуваат и ориз, тестенини и средства за чистење.

Заштитни маски и ракавици речиси не можат да се најдат.

Слична паника настана и во Сингапур, каде што се потврдени 75 случаи на зараза со коронавирусот.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот