X
 17.03.2021 Образование

Математичарот Алексиј Тасиќ на 14 години освои златен медал на Меѓународната иранска геометриска олимпијада

Во општествен тренд кога младите често бегаат од природните науки и се насочени кон општествените, Македонија има поединци кои не само што можат да бидат рамо до рамо со светските таленти туку и можат да ги освојат најзначајните награди на меѓународните олимпијади. На мејнстрим-медиумите тие успеси нема да ги видите, но млади таленти од Македонија стануваат најзначајни македонски амбасадори, кои државата ја афирмираат по успеси и по позитивни вредности.

Математичарот Алексиј Тасиќ на 14 години освои златен медал на Меѓународната иранска геометриска олимпијада. Тој учи во Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во скопската населба Аеродром и е деветто одделение. Желбата да се натпреварува му ја поттикнала наставничката Билјана Ефтова уште во четврто одделение. Му понудила да се пријави на општинскиот натпревар по математика. Така тргнала математичката приказна на Алексиј.

Прочитајте повеќе на Деца.мк

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование