X
 17.04.2021 Култура

Најпопуларните серии на „Нетфликс“ во земјите низ светот

„Нетфликс“ станува сè попопуларен низ светот, но секоја земја не ги гледа истите содржини. Гледачите во одредени делови од светот претпочитаат комедии, додека други гледаат темни драми.

Мапа поставена на веб-страницата highspeedinternet.com покажува кои се најпопуларни серии на „Нетфликс“ по земја користејќи податоци од „Фликс патрол“, која собира податоци за гледање филмови и серии на интернет. На мапата се вклучени наслови што се објавени од 2011 година, а на неа ги нема земјите за кои нема доволно податоци, вклучувајќи ја и Македонија.

Најпопуларна серија во САД и во Канада е „Потокот на Шит“ (англ. Schitt's Creek), додека во Мексико луѓето најмногу ја пребарувале серијата „Почудни нешта“ (англ. Stranger things). Оваа серија е најпопуларна и во Турција, Перу и Грција.

Во целиот свет најпопуларна серија е „Пики Блајндерс“. Оваа серија е омилена во Франција, Италија, Бразил и во Аргентина. Целата мапа може да ја најдете овде.


Автор: Мишел Дебчак
Извор: mentalfloss.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура