X
 17.05.2021 Образование

Термини за полагање државна матура

Екстерните испити од државната матура во јунската испитна сесија во 2021 година ќе се реализираат во неколку термини.

На 5 јуни учениците ќе полагаат тест по македонски јазик и литература, албански јазик и литература или турски јазик и литература.
На 11 јуни се полага вториот екстерен испит, односно испитот за вториот екстерен предмет што го избрале матурантите (англиски јазик, француски јазик, германски јазик или руски јазик, математика...).
Интерните испити како естетика, филозофија, хемија, физика, биологија, историја, социологија, бизнис, информатика или географија ги планираат и ги организира училиштето и тие ги одредуваат роковите за полагање.

Екстерните испити од државната матура во гимназиското образование и четиригодишното стручно образование, поради вонредни околности (утврдено постоење на кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави или други големи природни непогоди), во јунскиот испитен рок ќе се спроведуваат подоцна.

Така, полагањето македонски јазик и литература, албански јазик и литература, односно турски јазик и литература ќе се одржи на 25 јуни 2021 година со почеток во 10 часот.
Полагањето англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик и математика ќе се реализира на 28 јуни 2021 година со почеток во 10 часот.

Екстерните испити од државната матура во уметничкото образование, поради вонредни околности, во јунскиот испитен рок се спроведуваат во следните дополнителни термини: македонски јазик и литература, албански јазик и литература, односно турски јазик и литература на 25 јуни 2021 година со почеток во 10 часот; англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, филозофија и естетика на 28 јуни 2021 година со почеток во 10 часот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование