X
 17.06.2023 Култура

Саканиот Карл од „Нагоре“ се враќа во кратко продолжение

Филмот „Нагоре“ (Up) е еден од најсаканите анимирани филмови на публиката. Фановите сега може да уживаат и во продолжение на филмот, иако станува збор кратко издание.

Новиот краток филм „Љубовниот состанок на Карл“ покажува приказна во која Карл, главниот лик од „Нагоре“, се согласува да оди на љубовен состанок, а неговото куче му помага во подготовката.

Краткиот филм излегува на 16 јуни. Во продолжение е неговиот трејлер.


Извор: Empire online
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура