X
 07.03.2018 Здравје

Стотици канадски лекари протестираат против покачувањето на нивните плати

Повеќе од 700 канадски лекари, меѓу кои и 213 општи и 184 специјалисти, потпишаа отворено писмо во кое кренаа глас против покачувањата кои нивните федерации успеаја да ги договорат. Лекарите решија да се спротивстават на побогатите лични банкарски сметки, а повод за тоа е искрената грижа за доброто на пациентите и колегите.


Фото: Pixabay

-Покачувањата се уште пошокантни бидејќи нашите многубројни колеги, од медицински сестри до останати работници во здравството се соочуваат со многу потешки работни услови. Исто така, поради драстичните скратувања од минатите години, но и централизацијата на моќта во Министерството за здравство, страдаа пациентите, на кои им е отежнат пристапот до потребните здравствени услуги - напишаа меѓу другото лекарите од Квебек.

Во отвореното писмо тие побараа парите предвидени за зголемување на нивните плати да се врати во здравствениот состав, секако за да се олеснат маките на другите.

-Желбата ни е да се исполнат потребите на нашите пациенти без вработените во здравството да се искористуваат до крајни граници - истакнаа лекарите.

Просечната плата на еден лекар во Канада е 260.924 долари годишно, но тоа е бруто износ од кој треба да се издвојат даноците и работните трошоци.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје