X
 28.03.2018 Образование

Хакатонот на УГД нуди креативни решенија за здравството

Факултетот за информатика на Универзитетот „Гоце Делчев“ успешно го организираше вториот студентски Хакатон, кој годинава е дел и од манифестациите кои значат одбележување на патрониот празник на УГД, 27 март.



Седум тима, од кои три од студенти на Факултетот за информатика и четири од средните училишта од Кочани, Крива Паланка, Штип и Кавадарци, два дена (23 и 24 март), работеа на програмирање на апликации на тема „Креативни решенија за здравството“, кои треба да им помогнат на здравствените работници во вршењето на нивната работа, а да им помогнат и на пациентите и на старите и изнемоштени лица.



Најпрвин беа презентирани апликациите кои ги подготвија тимовите, по што беа доделени наградите на најуспешните тимови студенти и средношколци од Хакатонот на УГД 2018.

Комисијата за оценка во состав: проф. д-р Цвета Мартиновска Банде, проф. д-р Александра Милева, проф. д-р Игор Стојановиќ, Наќе Мицев од CODEX Computers, Дејан Митов од Babylon Software Solution и Сашко Андонов од TECHKO NET ги додели следниве награди:



∙ Прва награда за најдобра студентска апликација од 50.000 денари за тимот Ground Zero, во состав: Ајша Рахмани, Сара Костоска, Марјан Михајловски и Роберт Јакимов од Факултет за информатика, УГД за апликацијата “Капка живот”



∙ Прва награда за најдобра средношколска апликација од 20.000 денари за тимот Code X Team, во состав: Виктор Кузманов, Страшо Наумов и Саво Трајков од Гимназија Добри Даскалов, Кавадарци за апликацијата “Дислексикон”



∙ Награда за оригинална идеја од 5.000 денари за тимот 404, во состав: Кире Петров, Стефан Стојанов и Валерија Димковска од Факултет за информатика, УГД за апликацијата “eLab”.

Деканката на Факултет за информатика, проф. д-р Цвета Мартиновска Банде додели и благодарници за поддршка на Хакатонот на УГД 2018 на фирмите CODEX Computers, Babylon Software Solution и TECHKO NET.



Им честитаме на сите учесници и на наградените студенти и средношколци.

Повеќе информации ќе најдете на веб страната http://fi.ugd.edu.mk/hakaton2018/

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование