X
 12.07.2019 Образование

УГД прв го објави конкурсот за уписи на студенти – 4.404 слободни места во 2019/2020

Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип го објави конкурсот за упис на студенти во новата академска 2019/2020 година. Вкупно 4.404 слободни места на сите факултети и студиски програми во рамките на Универзитетот им се на располагање на идните студенти.
За редовни студенти во државната квота има 2.675 слободни места, во квотата за кофинансирање 969 и во квотата за вонредни студенти - 760 студенти.
Првиот уписен рок е на 26, 27, 29, 30 август и 2 септември.
На следниот линк можете да го видите конкурсот.
Подготвил: С.Ѓ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование