Првиот глобус - сферичен приказ на нашата планета Земја - датира од ерата на откритијата. Или попрецизно, 1492 година, кога Мартин Бехаим и сликарот Георг Глокендон го создале Нирнбершкиот терестријален глобус, познат и како „Ердапфел“. Тој бил рачно изработен и таа традиција продолжила во текот на целиот 20 век, сè додека машините не ја презеле улогата.
Во видеото можете да го видите крајот на 500-годишната традиција. „Некаде во Северен Лондон, во 1955 година, една жена зема еден од калапите од полицата и го носи на работната маса. Го прицврстува на уред за да биде стабилен, а сепак му дозволува да се врти“.
„Друга девојка“, забележуваат од „Бритиш пате“, „лепи црвени ленти на поголема сфера“. Потоа, печатени делови што ја прикажуваат картата на светот се сечат, па се лепат на површината на глобусите“, се објаснува во видеото.
Преку таа „вешта операција“, фирмата со седиште во Лондон произведувала околу 60.000 глобуси секоја година.
Подолу можете да погледнете и уште еден мини-документарец за правење глобуси од 1949 година. Ќе ви даде увид во процес што трае 15 часа, од почеток до крај.
Извор: openculture.com
Фото: Freepik