X
 18.10.2018 Култура

Стави #КрајНаНасилството, учествувај во „Generation Unlimited“ - Младинскиот предизвик!

СмартАп - Лабораторија за социјални иновации Скопје и УНИЦЕФ ги покануваат сите млади иноватори од 14 до 24 години да осмислат решенија за #КрајНаНасилството врз децата и меѓу децата во рамките на Младинскиот предизвик - „Generation Unlimited“.

Низ светот околу 1 милијарда деца се соочуваат со некоја форма на насилство. Половина од тинејџерите во светот се соочуваат со врсничко насилство во и околу училиштето. Нашата земја не е поразлична, и тука речиси половина од децата на возраст од 2 до 14 години доживуваат физичко казнување во домот.
                        
8 од 10 родители известуваат за користење насилни методи (психолошко или физичко казнување) како начин на воспитување.

насилство
                        
Насилство меѓу врсници исто така се случува секој ден. Насилничкото однесување се случува и на интернет, каде што сторителите остануваат анонимни, но последиците се катастрофални.
                        
Ниедно дете не треба да расте со страв. Стравот ги ограничува генерациите да веруваат во себе, да градат здрави односи и да го реализираат својот потенцијал.

За таа цел, ве покануваме да се пријавите за Generation Unlimited - Младинскиот предизвик најдоцна до 29.10.2018 на следниот апликационен формулар: goo.gl/CWnPbY

Повеќе информации и детали за предизвикот пронајдете на официјалниот фејсбук-настан: https://www.facebook.com/events/729796767353212/ или https://genunlimited.mk/
                        
Тема:

Како може да го прекинеме насилството врз и помеѓу децата?
                        
Специфични предизвици:

* Како може да креираме систем за поддршка, платформа или да ги поврземе инспиративните личности од нашето опкружување со цел жртвите да можат полесно да пријавуваат и да бараат помош од професионалците и врсниците?
* Како може да го намалиме булингот, булингот преку интернет и насилството помеѓу младите луѓе во и околу школите вклучувајќи ги и јавните површини и јавниот транспорт?
* Како да ги промениме перцепцијата и однесувањето помеѓу повозрасните за позначајно вклучување на адолесцентите и младите луѓе во нивните заедници?
                                            
Кој може да аплицира?

●  Тим од 3 до 5 млади луѓе кои се на возраст од 14 до 24 години
●  Имаат или започнуваат да работат на нова идеја или проект.
                                    
Што бараме?

●  Идеи што имаат потенцијал да бидат одржливи (наместо еднократни кампањи или активности)
●  Идеи што се успешни или може да бидат успешни во локални заедници
●  Идеи што може да бидат реплицирани или скалирани во други земји
                                    
Искористете ја шансата да преземете акција!        

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура