X
 19.01.2025 Забава

Само 5 проценти од најпаметните луѓе во светот можат да ја решат оваа загатка

Загатката за кралот кој немал кралица и наследници е позната во англосаксонската култура со децении. Неодамна доби „нов живот“ на „Тик-ток“ со тврдењето дека само 5 отсто од луѓето можат да ја решат. 
Еве ја загатката.

Кралот немал синови, ќерки или кралица. Поради ова, тој морал да одлучи кој ќе го преземе тронот по неговата смрт. За да ја донесе оваа одлука, одлучил на секое дете во царството да му даде по едно семе. Детето кое ќе ја одгледа најголемата и најубава билка ќе стане престолонаследник, што било метафора за кралството.

На крајот од натпреварот, сите деца дошле во палатата со нивните огромни и прекрасни растенија во рацете. Кралот ја погледнал секоја тегла и одлучил дека девојчето со празната тегла ќе стане следната кралица.

Зошто го избрал ова мало девојче пред другите деца со нивните прекрасни растенија?

Решението на загатката


Кралот го избрал девојчето со празната тегла затоа што таа била единствената чесна. Семето што кралот им го дал на децата било неплодно за да не може да никне.

Децата што ги донеле големите и убави растенија очигледно ги замениле семињата со некои други, со што мамеле.

Девојчето, пак, го засадило семето што му било дадено, но кога ништо не пораснало, му ја донело својата празна тегла на кралот, покажувајќи ја својата целомудреност и чесност.

Кралот сметал дека овие особини се најважни за идниот владетел.

Извор: n1info.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава