X
 19.05.2023 Култура

Утре ќе биде отворена изложба на Нихад Нино Пушија во Тетово

Утре во Музејот на тетовски крај, во 19 часот, ќе биде отворена изложбата на фотографии на Нихад Нино Пушија. Изложбата е во организација и покровителство на фотогрупата „Чкрап!“, Националната установа Музеј на тетовски крај и „Pan IT & Print“.

Пушија е уметнички фотограф, роден во Сараево, Босна и Херцеговина. Неговата работа се фокусира на документарната и портретната фотографија и има цел да го долови босанскиот идентитет во Берлин и на други локации во Европа. Темите на кои тој се фокусира во работата се политика на признавање, позиции на малцинствата во современата уметничка и кураторска практика, Југоисточна Европа, бегалци, разрешување конфликти, интеграција, Роми и Синти во Европа.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура