X
 20.10.2023 Живот

Нови уписи за онлајн школата „Ја учиме азбуката со Биби и Боби“

„Светот на Биби“, во рамки на едукативниот центар „Бибиверзум“, овозможува онлајн настава „Ја учиме азбуката со Биби и Боби“ за сите дечиња. Ја отвораме можноста за ново пријавување на онлајн школата, која ќе трае до 2 ноември.

Децата ги учат буквите преку посебна програма која предвидува учење низ игра и забава, поттикнување на трпението, разбирањето. Наставата ќе се одвива двапати неделно (вторник и четврток). Со неа ќе им овозможиме на сите пријавени учесници да ја научат азбуката заедно со Биби и Боби.

Наставата ја водат воспитувачите и наставниците во „Бибиверзум“, кои се искусни и одлични едукатори со цврсто академско знаење во теоријата и искуство во практиката за развојот на детето. Природниот авторитет, духовитоста, фантазијата и почитувањето на детето се особините на нашите воспитувачи и наставници. Нашата цел е да ги учиме децата како да мислат, а не што да мислат; да истражуваат; да се сомневаат; да прашуваат; да комуницираат; да прават грешки и да учат од сопствените грешки; и најважно - да им биде убаво и забавно додека учат.

Часовите се одржуваат онлајн преку платформата „Зум“. Секој пријавен учесник треба да има на располагање уред за следење на онлајн настава и интернет-конекција. Се препорачува наставата да се следи од компјутер, десктоп или лаптоп за подобар преглед на содржината.


Цената за следење на онлајн-школата ќе изнесува 1.300 денари. Пријавувањето е преку овој линк

Или во формата подолу:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот