X
 20.10.2025 Живот

Новата опција „Фејсбук ВИ“ ги скенира сите фотографии и видеа од телефонот на корисниците за да обучува ВИ модели

„Мета“ лансира нова функција за вештачка интелигенција во рамките на „Фејсбук“, која, со наводна дозвола од корисникот, може автоматски да ги скенира сите фотографии и видеа на телефонот, дури и оние што никогаш не се прикачени на социјалната мрежа.

Овие датотеки потоа се испраќаат до серверите на „Мета“, каде што вештачката интелигенција ја анализира содржината и му предлага на корисникот кои слики или снимки би биле интересни за споделување, автоматски креира колажи, видеопотсетници или додава визуелни ефекти на нив.

„Фејсбук“ воведува контроверзна функција за вештачка интелигенција која ги скенира приватните слики на корисниците

Кога корисникот ќе ја активира оваа опција, вештачката интелигенција работи во заднина и постојано ја ажурира содржината, што покренува загриженост за приватноста. На прашањето на новинарите, „Мета“ потврди дека компанијата не користи необјавени приватни слики и видеа за обука на своите модели на вештачка интелигенција. Сепак, откако корисникот ќе сподели содржина генерирана од вештачка интелигенција или ќе користи дополнителни алатки за уредување, тие материјали можат да бидат вклучени во процесот на обука на моделите.


Новата функција моментално е достапна само за корисниците на „Фејсбук“ во САД и Канада, додека достапноста постепено ќе се прошири на други пазари. „Мета“ им советува на корисниците кои не сакаат нивните датотеки да бидат анализирани или користени за обука на модели со вештачка интелигенција да ја исклучат оваа опција во поставките.

Дополнително, „Мета“ објави нова политика според која, почнувајќи од декември, ќе ги користи разговорите на корисниците со системот „Мета ВИ“ за персонализирање на содржината и рекламите, без можност за исклучување на таа функција. Според сите извештаи, „Фејсбук“ сè повеќе личи на малициозен софтвер, а не на апликација што е во служба на корисникот.

Извор: benchmark.rs

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот