X
 21.02.2021 Технологија

Во кои земји најмногу се користат криптовалутите?

Криптовалутите почнуваат да се користат насекаде низ светот, но најмногу во Нигерија.

Во анализа на 74 држави низ светот направена од „Статиста“ во 2020 г., се покажува дека Нигеријците најмногу користат криптовалути. Речиси една третина од испитаниците од Нигерија изјавиле дека користеле или поседувале криптовалути.

Причината лежи во големиот број жители што живеат од парите кои им се испратени од роднини што работат надвор од земјата. Трошоците за испраќањето пари преку граници поттикнале многумина да почнат да користат криптовалути. Освен тоа, жителите на Нигерија честопати плаќаат за производи со своите телефони, а бизнисите масовно започнуваат да примаат криптовалути.


Фото: Pixabay

Следни на листата со земји што најчесто користат криптовалути се Виетнам и Филипини. Исто како и во Нигерија, улога игра честиот трансфер на пари од странство. Централната банка на Филипини веќе одобрила формирање на компании за трансфер на криптовалути во земјата, а владата експериментира со користење криптовалути.

Освен во Африка и во Југоисточна Азија, многу корисници на криптовалути има и во Латинска Америка, предводена од Перу.

Во Европа, Швајцарија и Грција имаат најмногу корисници на криптовалути.

Во САД, 6% од испитаниците изјавиле дека користеле или поседувале криптовалути, во Германија 5%, а во Јапонија 4%. 

Автор: Катарина Бушолц
Извор: weforum.org
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија