X
 21.03.2015 Образование

Предмети кои требаше да ги учиме на училиште

За повеќето деца, училиштето е главен извор на образование иинформации. Колку и да се важни математиката и науката, постои многу повеќе во животот.

Училиштата треба да ги научат децата за животот, преживувањето, мотивацијата и инспирацијата. Училиштата во основа треба да ги учат децата како да бидат луѓе. Ова се некои од предметите кои треба да бидат воведени на училиште.

1. Предмет за личен развој

Поглавја:

- Управување со времето
- Прифаќање на промени
- Слушање
- Вештини
- Создавање на лично CV
- Лидерство и менаџмент
- Техника за интервју

2. Врски и односи


- Комуникацијата и врските
- Секс образование

3. Пракса на медитација

Замислете ако децата би можеле да медитираат по пет минути секое утро пред да одат на училиште. Тогаш би имале мирно утро наместо стресно, што дефинитивно би направило голема разлика.

4. Поставување на животни цели

Поглавја:

- Кариера - Што сакате да бидете и како да го постигнете тоа?

- Финансии - Не часови за финансии, туку лични финансии. Како да управуваат со сопствените пари.

- Образование - Училиштето и факултетот никогаш не се доволни. Што сакате да научите од чиста љубопитност? Што ви е потребно да научите за да си помогнете во иднината и во вашата кариера?

Семејство - Дали сакате да бидете родител? Доколку сакате, како ќе бидете добар родител?

Став - Дали некој дел од вашиот начин на размислување ве држи назад? Дали постои некој дел од вашето однесување што ве вознемирува? Поставете си цел за да го подобрите вашето однесување и да пронајдете решение за проблемот.

Променете нешто - Сакате да го направите светот подобро место за живеење? Научете како можете да ја направите таа промена.

5. Справување со проблемите

Поглавја:

- Грижете се за вашиот дух
- Подобро справување со тешки времиња
- Добивање стручна помош тогаш кога е потребно
- Појаснете го и дајте приоритети во вашиот живот

6. Правилна исхрана

Зошто училиштата не ги учат децата за правилна исхрана и како тие да се грижат за сопственото тело?

7. Луѓето и очекувањата

Поглавја:

- Зошто не треба да очекувате ништо од никого
- Самосвест
- Справување со луѓе
- Емоционални и интреперсонални вештини
- Конструктивна дискусија
- Социјална интелигенција
- Анализа на карактерот
- Јазик на телото

8. Тешки времиња

Не треба човек да се соочува со ситуации опасни по живот за да живее подобро и похрабро. Откако ќе дознаат што е важно за нив, дури тогаш децата ќе започнат вистински да живеат.

9. Идеи

Поглавја:

- Како да воведите идеа
- Бизнис план
- Претприемништво
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование