X
 22.05.2020 Наука

Кое време од денот е најдобро за губење килограми со вежбање?

Наоѓањето време да се посветите на вежбањето може да биде вистински предизвик, принудувајќи многумина од нас вежбањето да го направат набрзина само тогаш кога имаме слободно време. 

Но, едно истражување вели дека ако навистина сакате да го искористите максимумот од вежбањето, треба да вежбате истиот период секој ден - распоред за кој вашето тело ќе ви биде благодарно.

Истражување од 2019 година предводено од истражувачи од Медицинскиот факултет „Браун Алпер“ во САД покажува дека не е важно дали џогирате наутро или возите велосипед навечер - клучна е конзистентноста ако сакате да ослабете.

Од американското Министерство за здравство препорачуваат два и пол часа умерена физичка активност секоја недела е најмалку што треба да правиме за да се одржуваме здрави. И не само минута тука или минута таму, туку најмалку 10 минути кардио-вежби во секоја сесија.

Непотребно е да се каже, ако сте во добра физичка состојба и добра здравствена состојба, веројатно сте го исполниле овој услов. Но, многумина кои имаат проблем со одржувањето на тежината, често пати се борат со потребната физичка активност.

вежбање
Фото: Unsplash

Користејќи резултати од анкетата за физичката активност на 375 лица кои вежбале за да ослабат, истражувачите идентификувале силна врска помеѓу умереното до енергично ниво на вежбање во ист дел од денот и количината на времето поминато во вежбање.

Околу половина од волонтерите биле утрински луѓе, што кога било земено во контекст на претходно истражување, би можело да укаже дека физичка активност пред да ви почне денот е вистинскиот избор.

Тајната е да ги поврзете вежбите со некои постоечки ментални „знаци“ за состанок што нема да ги избегнете, намалувајќи го потребниот напор доколку би планирале активност и потоа да се мотивирате себеси да ја извршите активноста.

- Повторувачкото вежбање во присуство на постоечки знаци, како што е истиот дел од денот или истата локација, може да помогне да се воспостави поврзување со знаците за вежбање - велат истражувачите.

- Исто така, ќе биде важно да се утврди дали постои одреден дел од денот што е поповолен за поединците кои имаат почетно ниско ниво на физичка активност да развија навика за физичка активност - вели авторот на истражувањето, Леа Шумахер.

Околу светот, помалку од една третина од жените и четвртина од мажите немаат никаква физичка активност што би им помогнала во одржувањето на здрава физичка состојба. Причините се сложени и разновидни, но се чини дека се поврзани со тоа колку слободно време имаат на располагање.

Извор: Science Alert
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука